Цела зима нема достава на намирници, алкохолот беше забранет поради насилство: Животот во најизолираниот град на Гренланд
Интернетот и телефонската мрежа се сателитски, па се многу скапи и за повеќето жители се луксуз.
Очекувано, времето во гратчето е релативно студено – зимите се долги и снежни, додека летата се суви и со релативно пониска температура. Дури и во август, највисоката температура која била измерена во градот е нешто повеќе од 25 степени Целзиусови.
Во зима, пак, се случувало температурата да се спушти и пониско од -20 степени Целзиусови.
Иако делува како мрачно и студено место, Тасилак станува мошне популарна туристичка дестинација во летните месеци.
Па, во гратчето има два хотела со ресторани, кафетерии, но и приватно сместување.
Има и неколку туристички агенции кои нудат активности како планинарење, возење со санка, кајакарство…
Иако бројот на жители постепено се зголемува и голем дел од луѓето се задоволни од животот на Тасилак, има и последици од преголемата изолација.
Во 2021 година, во гратчето беше спроведена забрана за алкохол која траеше околу две недели.
Причината била зголемениот број пријави за насилство, но и самоубиства.
По забраната, пријавите за насилство, вклучително и семејно, се намалиле. Но, сепак, жителите сметаат дека забраната бла само привремено решение и треба да се преземат дополнителни мерки.
Прочитајте и: „Живеам во гратче на Алјаска каде сонцето не изгрева по 2 месеца – славиме кога завршува поларната ноќ“
Повеќе фотки од гратчето:
Спирова С. | Црнобело