Лудата приказна за парот кој чувал огромна мечка: Ѝ правеле шпагети, ѝ славеле родендени
Кога приказната за парот и нивната мечка почнала да се прославува, тие почнале да одат и на турнеи – ја сретнале Маргарет Тачер, а мечката се појавила и во филмот Octopussy од серијалот за Џејмс Бонд.
Мечката добивала и ангажмани во реклами.
Но, снимањето на една реклама речиси завршило со трагедија.
Во 1980 година, Херкул исчезнал од сетот и не можеле да го најдат три недели. Снимањето се одвивало на изолиран остров, па мечката барем не претставувала опасност за други луѓе.
„Баравме со хеликоптери. Не ми беше јасно како не можам да забележам толку големо животно. Но, знаев дека е исплашен и неговиот инстинкт е да се крие“.
Конечно, по 24 дена, успеале да го лоцираат Херкул, а го спасувале од островот со хеликоптер и мрежа.
Фотките од спасувањето се споделуваа и во светски медиуми.
Кон крајот на 1990-тите, Херкул имал сериозна повреда на грбот. Не закрепнал и починал во 2000 година.
На местото каде што го погребале во Шкотска, денес има и статуа од мечката.
Меги вели дека тешко се справиле со смртта на Херкул.
„Беше ужасно. Едни беше изгубен. Првите две години не знаевме дали ќе издржиме заедно. Енди само се затвораше, не зборуваше за своите чувства“.
Во 2019 година, починал и Енди по долга битка со рак.
Меги му ја исполнила последната желба и го погребала покрај мечката.
Спирова С. | Црнобело
