Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот
Совети за онлајн состанување
„Онлајн состанувањето не е опасен, опасно е брзањето. Постојат три правила што ќе ви помогнат ад останете безбедни.
Прво правило – апликациите за онлајн состанување ви нудат анонимност со причина. Искористете ја.
Не споделувајте фотографии или телефонски броеви додека не се сретнете со личноста во живо и одлучите дали можете да ѝ ги доверите вашите лични информации. Бидејќи, штом ќе ја отворите таа врата, нема да можете да ја затворите.
Второ правило – држете се до планот. Учтиво одбијте ја понудата да ги промените плановите за состанокот.
Одење на кафе значи одење на кафе. Вечера значи вечера. Ако сте со добар маж, ќе ги почитува вашите граници. Ако ви создава притисок, тоа е ’црвено знаменце‘.
Број три – на првиот состанок не одете на приватно место. Не во вашиот дом, не во неговиот.
Изолацијата најмногу го зголемува ризикот, а нападите на прв состанок речиси секогаш се случуваат на приватно место.
Запомнете, безбедноста е поважна од хемијата.
Дами, ако станете мета предатор, тој сака едно од две нешта – вас или нешто ваше.
Ако сакат нешто ваше, дајте му го. Не е важно дали тоа е вашиот автомобил телефон, накит. Ништо не е поважно од вашиот живот.
Ако ве сака вас, правилата се менуваат, особено ако мажот проба да ве однесе на друго место. Го прави ова за да ве нападне и му треба безбедно, изолирано место за тоа.
Ќе сака да бидете тивки и да се потчините, па ќе ви вети дека нема да ве повреди ако правите како што ќе ви каже. Ве лаже.
Во моментот кога ќе проба да ве однесе некаде, треба да направите две работи. Викајте најгласно што можете и почнете да се браните силно. Целете кон очите, грлото колената и гениталиите со целата сила.
Клоцањето е поефикасно од бокс, особено ако противникот е поголем и посилен од вас. Ако можете да избегате, трчајте и продолжете да викате.
Напаѓачот пробува да не привлече внимание, па вашата задача е да го направите што е можно повидлив“.
