„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“
Се шпекулира дека многу девојки мораат да прават и други одвратни работи за нивните муштерии, како да им дозволат да уринираат врз нив. Грејс вели дека барем за тоа имала среќа и никогаш не била изложена на такви забави.
„Но, слушав дека се случувало и тоа“, додава.
Кога пристигнала во Дубаи, ја држеле во стан, изолирана, без можност да стапи во контакт со своето семејство.
Грејс успеала да побегне кога еден од клиентите ѝ го позајмил својот телефон и таа успеала да му се јави на семејството во Уганда.
Нејзино семејство известило организација која ги штити работниците во странство и помага во спасувањето на жртви на трговија со луѓе.
Некогаш организацијата ги плаќа и долговите на жртвите за да можат да се вратат дома, а досега имаат спасено над 700 жени.
Голготата на Грејс траела цела година и осум месеци, пред да успее да се врати дома.
Директорката на организацијата вели дека жртвите на трговија со луѓе како Грејс обично се луѓе кои се сиромашни, неретко и неписмени и не се ни свесни во што се впуштаат.
Уште пострашно било што бројот на вакви случаи се зголемувал. Таа вели дека проблемот го отежнува и процесот за вадење виза за Дубаи.
„Некој може да аплицира за виза во ваше име и за неколку денови, визата да ви биде одобрена“.
Таа вели дека штом жртвите ќе стигнат во Дубаи, стануваат немоќни да направат што било.
„Им ги одземат пасошите и документите. Ако им дадат телефони, овие телефони се контролирани и не можат да разговараат со некој друг.
Ако пробаат да стапат во контакт со некој, им ги одземаат телефоните“.
Директорката додава дека проблемите за жртвите не завршуваат откако ќе бидат спасени.
„Овие луѓе се стигматизирани. Се чувствуваат како да не заслужуваат да бидат дел од општеството.
Еден од предизвиците е да ги интегрираме овие девојки во системот или нивните заедници. Психолошки, тие се мразат самите себеси“.
Што се однесува до Грејс, сега пробува да си го среди животот, иако вели дека веројатно никогаш нема да ја заборави тортурата во Дубаи.
Иако се потресни, ваквите приказни треба да ги гледаме како поука и добро да размислиме ако некоја понуда ни изгледа премногу добра за да биде вистинита.
Спирова С. | Црнобело
