Посетете го Амстердам

posetete-go-amsterdam-povekjeПродолжуваме со претставување на најубавите места во Европа кои можете да ги посетите како и сите важни работи кои во нив би сакале да ги видите...

 

Амстердам

Врвна уметност, историја или екстра забава - овој град ви дава огромен избор. Шарен, мултикултурен, слободен град кој лежи на канали. Во posetete-go-amsterdamнего можете да видите безброј млади туристи желни за забава и искушение, но сепак градот е повеќе од тоа.

Можете да посетите повеќе од 40 музеи, а најинтересен е оној на Рембрант во кој можете да влезете ако имате 15 евра во џебот. Ако уметниците ви се слаба точка тука ќе ја најдете и најголемата збирка на делата на Ван Гог.

За оние кои повеќе им лежи полесна содржина, необичен е музејот на пиво Heineken Experience. Во него можете да видите и чуете се за пивото- од идеја до реклама.

Неизбежна е посетата на куќата на Ана Франк. Од надвор помодерна, а внатре нуди безброј приказни за еврејското девојче. Куќата е поделена по етапите на нејзиниот живот а редот за влез е секогаш долг па наоружајте се со трпение.

Амстердам е познат по своите канали. Меѓу најпознатите се Lord's Canal и Prince's Canal, и има околу 1300 мостови. Некои велат дека погледот на Амстердам од чамците со кои пловите низ каналите е всушност најубавата глетка на овој град.

Фактот за легализираната марихуана го закити овој град како најслободен во Европа.  Во многуте coffee shops можете да уживате во најразлични понуди на лесни дроги. Колачи, торти, чаеви, марихуана на 100 начина.

Неизбежно е да ја посетите и познатата Red Light District - црвениот кварт на проститутките. И не заборавајте - немојте да користите фотоапарати да ги сликате дамите на ноќта (кои се тука деноноќно) затоа што вашата посета на Амстердам може да заврши неславно.

Во секој случај Амстердам е модерен град, кој пат да го одберете уметност, опуштање, пловење или се одеднаш нема да погрешите. Граѓаните на Амстердам во најголем број зборуваат англиски, и секогаш ќе ви помогнат ако воопшто пронајдете некои затоа што градот е преполн со туристи од цел свет.

Би можело да ве интересира:

Што има во торбичките со подароци за номинираните за Оскари 2026? Покрај ваучерот за липосукција, како и скап третман за лице кој чини 25.000 дола...
Одговори на прашања што сигурно сте си ги поставиле барем еднаш Зошто славиме роденден со торта, но и зошто исечениците од хартија болат толку м...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
Алфред Нобел - динамит: Генијалци кои зажалиле за изумите што ги направиле славни Алфред Нобел е креаторот на Нобеловата награда, но и личноста што го измислила д...
Таблета залутана во пакување со капсули и уште 8 ситуации кои делуваат неверојатно Компир пресечен точно на половина (до грам), парче од таблетка залутано во пакув...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg