Работат за 100 евра плата, умираат поради нехумани услови: Мрачната страна зад гламурот на Дубаи (што се крие од туристите)
„Обично се по четворица во соба. Мора да спиете на креветот како труп – креветите се мали, како од стар студентски дом“.
Доселениците најчесто работат како чистачи, келнери, на рецепција… Но, на најголем ризик се изложени градежниците.
„Во градежништвото има прекршување на многу протоколи за безбедност. Има многу смртни случаи.
Исто така гледаме и многу случаи на топлотни бранови – работниците работат на температури повисоки од 50 степени Целзиусови, без пауза, без вода, без сенка“, вели вработена во организација заштита на човекови права.
Проблемот е што работниците не се свесни што ќе ги дочека кога ќе пристигнат во Дубаи и неретко се излажани за она што е ќе го добијат.
„Гледаме случаи во хотелската индустрија каде што работниците се ставени во услови многу поразлични од она што им ветиле.
Исто така, тие можеби мислат дека ќе работат една работа, но потоа ќе им дадат друга“.
Работниците им плаќаат на агенции да им најдат работа во Дубаи. Но, бидејќи платите им се прениски, остануваат заробени како должници бидејќи не можат да ја исплатат агенцијата.
Во Дубаи има и систем познат како „кафала“ според кој работниците се спонзорирани од работодавецот, а тој има поголем авторитет над нив.
Во овој случај, работодавецот може да одлучи и дали работникот смее да ја напушти земјата, односно има право да му забрани да се врати дома ако е незадоволен од условите.
Некогаш работодавците им ги земаат пасошите на работниците, а ова ги става во уште поранлива состојба.
„Целиот систем е многу комплициран, а на секој нареден чекор на работниците им се додава нов трошок.
Доста често, работниците треба да им платат илјадници евра на агенти, асистенти и кој уште не за работат што ја добиле“.
Како ниските плати да не се доволен проблем, честопати се случувало работниците да не бидат исплатени.
„Работниците многу често не добиваат плата со месеци, а поради ова не можат да си дозволат храна ниту основни услови за живот“.
Спирова С. | Црнобело
