Што има во торбичките со подароци за номинираните за Оскари 2026?
Разни услуги
Покрај продуктите за убавина, номинираните ќе добијат и разни третмани, како липосукција во реномирана клиника, избелување на забите и процедура за подмладување која чини дури 25.000 долари.
Можеби најлудата услуга што ќе ја добијат е персонализиран предбрачен договор од адвокатот за разводи Џејмс Секстон.
Храна и пијалаци
Во торбичките ќе има луксузни чаеви, чоколадни переци со златни кристали, чоколадирани бадеми, како и овошје прелиено со чоколадо.
Продукти со канабис и THC
За номинираните има и неколку продукти со канабис и THC (психоактивната состојка во марихуаната).
Ќе добијат пијалаци со THC, марихуана за пушење, продукти кои содржат марихуана, како браунис колачиња…
Облека, книги и слично
Во торбичката ќе има куфер од луксузен азиски бренд, луксузна глава за туш, долна облека, луксузно пенкало, мемоари на бизнисмен, како и фотосесија.
Спирова С. | Црнобело
