10 причини зошто стоите во „мртва точка“ (и не можете да си го промените животот)

Сакате веднаш да видите резултати, немате стратегија и тврдоглави сте.

10-prichini-zoshto-stoite-vo-mrtva-tochka-i-ne-mozhete-da-si-go-promenite-zhivotot-01.jpg

Колку и да звучи депресивно, факт е дека повеќето луѓе не успеваат да направат поголема животна промена, без разлика колку ја посакуваат.

Иако не се среќни и се свесни дека мораат да делуваат за да им се промени ситуацијата, поради некоја причина се чувствуваат парализирано и постојано им се враќаат на старите навики.

Ако ви се чини дека долг период не можете да мрднете од „мртва точка“, можеби ова се причините зошто:

Се плашите од непознатото

Непознатото секогаш делува страшно и ако ви е тешко да направите промена, веројатно го чувствувате овој страв.

Кога искусувате нешто ново, се чувствувате како да немате контрола, па колку и да ја сакате промената, не се осмелувате да ја направите.

Не можете ја напуштите вашата зона на комфор

Спротивно на непознатото, она што ни е познато ни нуди комфор.

Дури и ако не сте среќни со вашето секојдневие, навикнати сте и знаете што можете да очекувате.

10-prichini-zoshto-stoite-vo-mrtva-tochka-i-ne-mozhete-da-si-go-promenite-zhivotot-02.jpg

Тврдоглави сте

Ова е нешто што може да ви биде тешко да си го признаете.

Но, ако сте заглавени во истиот циклус и никако не можете да се промените, сосема возможно е тврдоглавоста да ви создава проблем.

Им се спротивставувате на промените и го гледате животот на начин на кој не сакате да го промените, без разлика што сте свесни дека ви штети.

Немате стратегија

Не можете да направите голема животна промена преку ноќ – секогаш ви е потребна стратегија.

Без разлика какви желби имате за иднината, мора да направите некаков план како ќе ги остварите. Треба да почнете со мали чекори кои постепено ќе ве водат до крајната цел.

Ако пробувате да се промените без апсолутно никаков план, ќе ви се чини дека само талкате, а и ќе се чувствувате разочарано кога нема да постигнете ништо.

Се плашите од неуспех

Кога некој се плаши од неуспех, нормално е да ги избегнува промените. Секојдневието што го имате ви нуди сигурност и ве тера да мислите дека нема да мора да се соочите со неуспех.

Ако не сте потполно сигурни дека ќе успеете, не ни пробувате да направите нешто.

10-prichini-zoshto-stoite-vo-mrtva-tochka-i-ne-mozhete-da-si-go-promenite-zhivotot-03.jpg

Се плашите од успех

Можеби звучи контраинтуитивно, но сосема возможно е да се плашите и од успех.

Што кога ќе ја направите промената, како ќе ви изгледа животот, со што ќе се соочите, какви ќе бидете кога ќе стигнете до целта – сето ова се прашања што сигурно си ги поставувате ако се плашите од успех.

Многуте прашања и грижи ви создаваат стрес и анксиозност, па на некој начин и тие ве парализираат.

Барате изговори

Многу е лесно да најдете изговор кој ќе ве оправда кога не правите ништо да си го промените животот.

Ако секојпат кога сакате да промените нешто успевате да се оправдате со изговор, тогаш ова е еден од вашите најголеми проблеми.

10-prichini-zoshto-stoite-vo-mrtva-tochka-i-ne-mozhete-da-si-go-promenite-zhivotot-04.jpg

Вашите цели се превисоки

Кога сакате да направите промена, мора да бидете реалистични.

Можеби, на пример, сакате да се преселите во друга држава и таму да најдете стабилна работа. Иако ова се достижни цели, мора да бидете реалистични во врска со тоа како ќе ги остварите.

Треба прво да поседувате соодветни квалификации за работата што ја сакате, можеби и да научите јазик, па дури потоа да почнете да размислувате како ќе се преселите.

Чекате мотивација

Мотивацијата е она што нè движи напред, па многу луѓе чекаат момент кога ќе бидат мотивирани за да направат некоја промена.

Но, мотивацијата не е нешто што постојано ќе биде со вас и треба да научите да се туркате напред дури и кога не сте мотивирани.

Кога ќе почнете да работите на промената, тогаш и мотивацијата ќе дојде сама.

Сакате брзи резултати

Можеби сакате да си го промените животот, но немате трпеливост за тоа.

Барате брзи резултати и кога знаете дека нема да ги видите, се обесхрабрувате.

Ако чекате брзи резултати, тогаш никогаш нема да се поместите од „мртвата точка“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg