„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега сум среќна“
Марла имала три големи повреди на лицето, поради што ѝ била направена операција. На крај, раните ѝ биле зашиени со над 100 конци, а Марла останал со видливи лузни на лицето.
Напаѓачите и сопственикот на станот брзо биле уапсени, а судењата се одвивале одвоено – едно за напаѓачите, а едно за сопственикот на станот.
Сите биле прогласени за виновни и добиле затворска казна во траење од пет до 15 години.
Марла продолжила со својот живот настрана од очите на јавноста, а во 1997 година стапила во брак.
Со сопругот Даглас Хауел имаат и ќерка.
Низ годините, Марла направила некои корекции на лицето со цел да ги прикрие лузните. Во 2020-та, пак, се појави и во реалното шоу на Нетфликс Skin Decision: Before and After.
На учесниците во шоуто им се прават пластични операции и разни корекции, а во една епизода се појави и Марла.
Овде таа зборуваше за нападот, но и влијанието што го имал врз нејзиното ментално здравје.
Марла открива дека си дозволила да се запушти, но не ѝ било јасно зошто престанала да води грижа за себе.
„Почнав да се прашувам ’Зошто си дозволив да изгледам вака? Зошто не се грижам за моето тело и мојата кожа?‘
Но, сфатив дека длабоко во себе верував дека не е безбедно да изгледам убаво.
Кога бев млада, физичкиот изглед привлекуваше многу луѓе кон мене и не секогаш на добар начин. Убавината ми даде можности, но исто така привлече и нешто мрачно“.
Во емисијата, пластичниот хирург разговара со учесниците и им помага да го одредат најдобриот третман за нив.
Марла искрено сподели дека само сака конечно да заборави на страшниот напад.
„Отидов од еден екстрем во друг. Луѓето ме помнат како модел, па ги помнат фотките од тој период, а сега ја имате разликата, јас 30 години подоцна.
Не сакам да изгледам како порано, туку сакам да изладам најдобро што можам“.
Марла сподели и дека сака кога некој ќе ја види, да не ја прашува од каде ѝ се лузните.
Во шоуто на Марла ѝ беше направен фејслифтинг за кој вели дека конечно ѝ ја вратил самодовербата.
„Кога денес ќе се погледнам во огледало, гледам нова Марла. Моето лице изгледа помладечко. Тенот ми е изедначен и не ги гледам лузните.
Најизненадена сум од тоа што физичките промени создадоа толку голема емоционална и ментална промена во мене“.
Марла сподели дека со години мислела дека нејзината приказна е завршена и дека е опасно да биде убава, но сега конечно си ја променила перспективата.
„Вашата приказна никогаш не е завршена. Секогаш има уште едно поглавје што можете да го испишете“.
Спирова С. | Црнобело
