„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега сум среќна“

На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујорк, била нападната од двајца мажи кои ѝ го исекле лицето со жилет. Со децении се плашела да изгледа убаво, но пред неколку години направи корекции кои ѝ ги скрија лузните на лицето и вели дека конечно го оставила трауматичниот напад зад себе.

liceto-mi-beshe-unishteno-po-napad-so-zhilet-morav-da-se-otkazham-od-karierata-kako-model-no-sega-sum-srekjna-01.jpg

Во 1980-тите, Марла Хансон работела како модел во Њујорк. Додека да наполни 25 години, веќе се имала појавено во многу списанија и снимила низа рекламни кампањи, па била на пат да изгради солидна кариера во индустријата.

Но, сите соништа на Марла пропаднале во вода кога во 1986 година била нападната од двајца мажи кои ѝ го исекле лицето со жилет.

Лицето на Марла било уништено и наместо да се фокусира на кариерата, таа се влечела по судови за да ја добие заслужената правда.

liceto-mi-beshe-unishteno-po-napad-so-zhilet-morav-da-se-otkazham-od-karierata-kako-model-no-sega-sum-srekjna-02.JPG

Детали за нападот на Марла и нејзиниот живот потоа:

Родена во Мисури, Марла најпрво работела како агент за недвижности.

Благодарение на професијата имала можност да се пресели во Њујорк, каде што почнала да добива ангажмани како модел.

По некое време, целосно ѝ се посветила на кариерата во модната индустрија.

Во Њујорк, Марла живеела во изнајмен стан чиј газда, Стив Рот, неколкупати ѝ се додворувал, но таа го одбивала.

liceto-mi-beshe-unishteno-po-napad-so-zhilet-morav-da-se-otkazham-od-karierata-kako-model-no-sega-sum-srekjna-09.JPG

Во јуни 1986 година, тие се скарале поради капарот што не сакал да ѝ го врати откако решила да се исели оттаму.

Една вечер, пред нејзиниот нов стан, Марла била нападната од двајца мажи кои со жилет и направиле неколку исекотини на лицето.

„Беше како класична њујоршка приказна. Инцидентот се најде во сите медиуми и за миг ми ја заврши кариерата како модел“, има изјавено Марла.

liceto-mi-beshe-unishteno-po-napad-so-zhilet-morav-da-se-otkazham-od-karierata-kako-model-no-sega-sum-srekjna-7.JPG

Мажите кои ја нападнале биле најмени од газдата на станот во којшто живеела претходно.

„Пробуваше да ми се меша во животот и беше гневен бидејќи не се однесував како што сакаше. Се иселив од станот.

Тој немаше пристап (до мене) па ми се одмазди така што ми го исече лицето и ми ја одзеде убавината. Мојата убавина или начинот на којшто изгледав е причината за овој напад.

Поради ова, потоа се осигурив дека луѓето нема да се фокусираат на мене поради изгледот“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg