Работела како продавачка додека студирала – Која е скромната (и таинствена) наследничка на Primark?
Џес студирала маркетинг, а потоа и магистрирала и единствена цел ѝ станала да го повтори успехот на татко ѝ.
Иако пораснала опкружена со милијарди, Џес отсекогаш била скромна девојка. Додека студирала, работела во една од продавниците на Primark како продавачка бидејќи сакала да го искуси целиот бизнис „од прва рака“.
„Видов што постигна татко ми во бизнисот и сакав да го следам тој пат. Модата не ме привлекуваше многу, но навистина ме интересираат модни додатоци и козметика.
Па, и реков на мајка ми дека еден ден многу би сакал да имам мој салон за убавина“, има изјавено Џес во интервју.
Во 2011 година, заедно со нејзината најдобра пријателка, Џес успеала да отвори салон за убавина.
„Гледам многу од нејзиниот татко во неа. Смирена е кога има криза и секогаш успева да најде решение. Таа е одличен бизнисмен“, има изјавено мајка ѝ.
Малку се знае за приватниот живот на Џес, но се зборува дека нејзиниот сопруг, Рори, го запознала кога имала 17 години и оттогаш биле заедно.
Се венчаа во Ирска, во 2012 година.
Наводно сакале да прават свадба во Шпанија, но бидејќи и таткото на Џес бил скромен, ја советувал дека не треба да трошат толку многу пари. Па, се одлучиле за родната земја.
Во 2013 година со сопругот добија и дете.
Иако Џес ја нарекуваат „Primark принцеза“ и „богата наследничка“, таа никогаш не се фали со раскош и генерално се држи настрана од јавност, поради што важи за еден од поскромните милијардери.
Спирова С. | Црнобело