„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“
Само две години подоцна, Сара се венчала вторпат, но брзо сфатила дека бракот е грешка.
„Со вториот сопруг се венчав само на хартија, па не кажав на никој.
Не го ни познавав добро и не бевме компатибилни. Моето семејство дозна за бракот дури откако се разведов“.
Третиот сопруг го запознала онлајн и со него била една година пред да се разведат.
„На почетокот се двоумев бидејќи и тој беше војник“, вели Сара.
Но, меѓу нив имало искра, па по година и пол, тој ја запросил. Направиле голема свадба, но само неколку месеци подоцна, се разделиле.
„Бидејќи бев разведена двапати, многу сакав третиот брак да успее. Се чувствував поразено.
Но, татко ми ме советуваше да не се грижам и дека кога ќе го најдам вистинскиот, нема да му пречи што имам три разводи зад мене“.
По третиот развод, Сара го запознала нејзиниот сегашен партнер Кевин. На почетокот се плашела дека ќе ја осудува поради разводите, но вели дека нејзината историја му била забавна.
„Кога го запознав Кевин, тој веќе имаше еден брак зад себе, па не му пречеа моите разводи. Сега, на 35 години, сум многу посамоуверена и посигурна.
Немам никаква грижа за Кевин и навистина сакам овој брак да успее. Моите разводи често се мета на шеги во моето семејство.
Сестра ми се шегува дека нема да издржиме ни две години, но сепак сите сакаат врската да биде успешна“.
Сара и Кевин се запознале на свадба во 2023-та, а околу една година подоцна почнале да се гледаат.
Тој ја побарал за жена во 2025-та, а свадбата ја планираат за јуни 2026-та.
Спирова С. | Црнобело