Станал опседнат со крими-серијата Dexter, па почнал да убива: Мрачната приказна за „убиецот Декстер“
Марк Твичер сонувал за кариера во филмската индустрија. Но, истовремено бил опседнат со крими серијата Dexter до тој степен што извршил убиство исто како антагонистот Декстер Морган.

Dexter е меѓу најпопуларните крими серии на сите времиња, а главниот лик е серискиот убиец Декстер Морган кој убива само криминалци, односно убијци.
Бидејќи приказната е раскажана од негова перспектива, серијата брзо се прослави и се емитуваше дури осум сезони – од 2006 до 2013 година.
Изминативе пет-шест години беа направени уште неколку серии како приквел и сиквел на оригиналот кои го постигнаа скоро истиот успех.
Но, колку луѓето и да се фасцинирани од ваквите филмови, серии и книги, јасно е дека нема самите да станат убијци.
Сепак, ова не важи за Марк Твичер кој инспириран од серијата, извршил убиство, па стана познат како „убиецот Декстер“.
Убиството го испланирал исто како и антагонистот во серијата, пред да биде уапсен и да му биде изречена 25-годишна до доживотна казна затвор.
Како Марк станал познат како „убиецот Декстер“?
Марк бил роден во 1979 година во Канада, а уште од најрана возраст покажувал интерес за филмската уметност.
По завршувањето на студиите, снимил филм инспириран од „Војна на ѕвездите“ што го објавил онлајн и кој наводно добил позитивни критики од фановите на франшизата.
Но, додека пробувал да изгради некаква кариера во филмската индустрија, Марк Твичел премногу почнал да се интересира за убиства и смрт.
Поради ова, бил фасциниран од серијата Dexter и станал опседнат со неа. Направил и Фејсбук страница на која пишувал за епизодите од серијата од перспективата на главниот лик Декстер.
Марк почнал да се гледа себеси во ликот на фиктивниот убиец, а на познаничка која ја сакала серијата како него ѝ напишал:
„Сите имаме мрачна страна, некои имаат помрачна од другите. Ти не си единствената што се поистоветува со Декстер. Некогаш ме плаши колку многу јас се гледам во него“.
До 2008 година, Марк стапил во брак, а имал и едно дете, додека неговата сопруга воопшто не била свесна за неговите мрачни фантазии.
Во октомври 2008-ма, тогаш 29-годишниот Марк решил да го изврши првото убиство.
На веб-сајт за состанување се претставил како жена и договорил средба со маж. Одбивал да му ја каже точната адреса и му дал само инструкции за возење.
Рекол дека ќе треба да влезе во гаража која ќе биде оставена отклучена.
Кога мажот пристигнал и влегол во гаражата очекувајќи да се сретне со жена, Марк го нападнал одзади.
За среќа, мажот успеал да се извлече.
