Станал опседнат со крими-серијата Dexter, па почнал да убива: Мрачната приказна за „убиецот Декстер“
„Бев исплашен. Не знаев што се случува. Тогаш погледнав зад мене и видов маж со хокеј маска.
Во тој миг ми стана јасно дека нема никаква жена, ниту романтичен состанок“, има изјавено мажот подоцна.
Тој забележал дека Марк има пиштол, но набрзо сфатил дека е играчка, па успеал да го собори на земја и да избега од гаражата.
Но, вели дека бил многу засрамен од целата ситуација, па решил да молчи и да не пријавува.
Марк, од друга страна, не се обесхрабрил, па околу една недела подоцна направил уште еден обид.
Планот му бил ист – на веб-сајт за состанување се претставил како жена и договорил состанок со 38-годишен маж, Џони Алтингер, во неговата гаража.
И овој пат не кажал точна адреса, туку само му дал инструкции за возење.
Кога мажот влегол во гаражата, Марк го удрил со метална цевка по главата, го избодел и му го исекол телото на парчиња.
Откако убиениот Џони исчезнал, неговите пријатели добиле бизарна порака според која тој запознал „прекрасна жена“ која му понудила да го однесе на „долг тропски одмор“.
Пораката им била сомнителна на пријателите па решил малку да истражуваат.
Џони им ги покажал инструкциите за возење пред да исчезне, па тие ги однеле во полиција и го пријавиле за исчезнат.
Полицајците ги следеле инструкциите и, нормално, завршиле пред куќата на Марк Твичел.
Влегле во гаражата каде што ги затекнала сцена како од серијата Dexter – прозорците биле покриени со најлони, а на маса во средината имало многу крв и средства за чистење.
На подот имало и остатоци од крв која Марк пробал да ја исчисти.
Во неговиот автомобил нашле траги од крвта на Џони Алтингер, па на 31-ви октомври го уапсиле.
Во неговиот лаптоп полицајците нашле документ насловен SK Confessions, кратенка од Serial Killer Confessions што може да се преведе како сведоштва на сериски убиец, кој им помогнал во судењето.
Иако пробувал да го избрише документот, Марк не успеал, а во него пишувал за неговиот план да убива, ако ги опишал и самото убиство и неуспешниот обид.
За време на судењето тој признал дека го убил Џони, но тврдел дека тоа било во самоодбрана.
На крај, Марк бил прогласен за виновен и добил доживотна казна затвор, без можност за помилување во период од 25 години.
Марк уште ја отслужува својата затворска казна.
Спирова С. | Црнобело
