Тажната приказна за Лајка, првото куче во вселената: Умрела од прегревање и екстремен стрес кратко по лансирањето
Додека траеле тестовите, Лајка и другите кучиња со денови, можеби и недели биле чувани во мали кафези, а тестовите сигурно биле застрашувачки за нив.
Експертите проверувале како реагираат на различен воздушен притисок, но и на гласни звуци.
На крај, биле избрани две кучиња – Албина и Кудрјавка.
Вестите за двете кучиња биле споделени преку радио, а додека траела најавата, Кудрјавка почнала да лае, па почнале да ја нарекуваат „Лајка“ што од руски може да се преведе како „лаеж“.
На двете кучиња им биле направени операции со кои им биле имплантирани медицински уреди за следење на пулсот, дишењето и крвниот притисок.
На крај, Лајка била избрана како кучето што ќе умре во вселената.
Три дена пред лансирањето, Лајка била затворена во капсулата во која движењето ѝ било речиси целосно ограничено.
На 3-ти ноември, во 5:30 часот наутро, Лајка била лансирана кон земјината орбита.
Кучето било преплашено – како што почнало лансирањето, пулсот драстично ѝ се забрзал, исто како и дишењето.
Модел на Спутник 2
Лајка го преживеаа лансирањето и стигнала до земјината орбита каде што поминала 103 минути, изложена на екстремен стрес.
Топлинскиот штит на капсулата се оштетил кратко по лансирањето, па температурата во внатрешноста се искачила и до 90 степени Целзиусови.
И, Лајка умрела.
Додека траела мисијата, властите од Советскиот Сојуз ја криеја вистината и тврдеа дека Лајка живеела неколку денови. Некои медиуми пишувале дека дури имало шанси да се врати жива на Земјата.
Иако мисијата со Лајка покажала дека живите суштества, вклучувајќи го и човекот, можат да го преживеат лансирањето и да бидат одржувани во живот во вселената, целиот експеримент до денес е осудуван и нарекуван нехуман.
Но, факт е и дека никој не ја заборава нејзината жртва и денес Лајка е едно најпознатите кучиња во историјата на човештвото.
Низ светот, како и во Москва има статуи направени во нејзина чест, а снимени се и филмови и песни инспирирани од нејзината приказна.
Статуа на Лајка во Москва
Многу писатели, како Харуки Мураками, ја спомнуваат Лајка и во своите книги.
Спирова С. | Црнобело