„Мислев дека имам совршен сопруг, но тој киднапирал постар пар и ги држел во зандана под нашата куќа“
Во 2017 година, Дониел дознала дека бизнисот на нејзиниот сопруг пропаѓа, откако тој киднапирал повозрасни маж и жена и ги присилил да му дадат околу 300.000 долари. Два дена ги држел затворени во зандана што, без знаење на сопругата, ја изградил во подрумот од нивната стара куќа.

Партнерот со кој сте одлучиле да го поминете животот е личност која сметате дека ја знаете подобро од кој било.
Во ова била сигурна и Дониел Шовеј од Илиноис, САД за нејзиниот сопруг Чед, сè додека на нивната врата не затропале вооружени полицајци.
На огромно изненадување на Дониел (и нејзините шест деца), Чед не бил мажот којшто мислела дека е.
„Во тој момент животот ми се промени засекогаш. Тој ден открив дека мојот ’совршен‘ сопругот со кој поминав 17 години бил насилен киднапер“, споделува Дониел.
Пред сопругата и децата, Чед бил финансиски советник и сопственик на недвижнини.
Но, Дониел не била свесна дека Чед киднапирал повозрасен брачен пар кој го држел затворен во подрумот од нивната стара куќа.
Без знаење на Дониел, Чед направил звучно изолирана зандана под куќата, каде што ги затворил преплашените сопружници (Лери и Кони Ван Устен).
Ги врзал со синџири за ѕидот и ги присилил да му дадат околу 300.000 долари.
Парите му требале за да си го спаси бизнисот кој пропаѓал.
Инцидентот се случил во 2017 година, а Дониел вели дека целата ситуација ја прогонува до денес.
„Беше ужасно. Ни во најлудите соништа не помислував дека мојот сопруг е способен за нешто вакво“, раскажува Дониел.
Таа го запознала Чед кога имала 25 години, а се венчале во 1999 година. Вели дека би шармантен, дека го сакале сите и била уверена дека го нашла совршениот сопруг.
Во 2003 година им се родило првото дете, ќерка, по што Дониел одлучила целосно да се посвети на девојчето и домот.
Тој период Чед работел во компанија за лифтови.
Откако им се родило првото дете, тие купиле куќа со подрум. Но, откако добиле уште пет деца, одлучиле да се преселат во поголема куќа.
Старата куќа ја зачувале бидејќи сметале дека е добра инвестиција, а Чед го напуштил работното место и станал финансиски советник.