„Мислев дека имам совршен сопруг, но тој киднапирал постар пар и ги држел во зандана под нашата куќа“
„Постојано реновираше градби, се гледаше со клиенти, разговараше со потстанари. Постојано беше во неговата канцеларија во подрумот на нашата стара куќа.
Подрумот му беше главно место. Таму имаше и кревет и секогаш беше зафатен. Ни имаше речено никогаш да не го вознемируваме додека е таму“, открива Дониел.
Околу 2011 година, Дониел забележала дека Чед сè почесто преспива во старата куќа отколку во нивниот дом.
„Прво беше еднаш неделно. Ќе ми речеше добра ноќ и ќе отидеше да работи. Но, потоа беше двапати неделно, па трипати и потоа речиси секоја вечер.
Некогаш му кажував дека ми недостасува, но делуваше како ова да го нервира, па поминуваше уште повеќе време во канцеларијата“.
Кон крајот на 2016-та, Дониел почнала да забележува дека нешто не е во ред.
Чед речиси воопшто не си доаѓал дома, а кога Дониел одела да го посети во текот на денот, не ја пуштал внатре и ѝ велел дека спие.
Овој период Чед го сретнал постариот пар што подоцна ќе го киднапира.
Неговиот бизнис пропаѓал и тој ги замолил да му помогнат со инвестиција.
Тие го одбиле, па Чед почнал да го прави својот злобен план.
На 7-ми февруари тој упаднал во нивниот дом, ги врзал и ги однел во подрумот од старата куќа.
Киднапираниот маж
Потоа ја однел жената во банка и ја присилил да напише чек за нова фирма што неодамна ја основал. Ѝ се заканил дека ако не ја послуша, ќе го убие маж ѝ.
Но, жената некако успеала да остави порака во банката, раскажувајќи ја ситуацијата.
Два дена подоцна, Чед направил сообраќајка и додека бил во амбулантно возило, признал дека го киднапирал парот.
Киднапираната жена
Тогаш полицијата отишла и во домот на Чед, каде што ја начекале Дониел.
„Ме разбудија вооружени полицајци. Ме испраша и ме однесоа во полиција. Децата ги однесоа во дом на пријателка. Немав поим што се случува.
Ми кажаа дека ја пребарале старата куќа и го нашле парот. Тогаш седнав на подот и почнав д плачам“.
Дониел со новиот партнер
Во ноември 2018 година, Чед бил прогласен за виновен и добил затворска казна од 60 години.
„Немам зборувано со Чед откако го уапсија. Отидов на суд само на последниот ден, кога ја изрекуваа казната. Нашите животи беа уништени…
Некои луѓе ме обвинуваат мене бидејќи не сум знаела што се случува. Но, не можев да не ѝ верувам на личноста што ја сакав. Не е фер да ме обвинуваат мене“.
По траумата, Дониел успеала да најде љубов и сега повторно е во брак, но овој пат дефинитивно е сигурна дека може да му верува на сопругот.
Спирова С. | Црнобело