Како да ги преживеете летните горештини?

kako-da-gi-preziveete-letnite-gorestini-1

Температурите неделава ќе го надминат 40-тиот степен и тоа бааги. Топло е - не се дише. Но, некои имаат одлични гени и добро ги поднесуваат високите температури и летото.

А, како вие да се справите, еве неколку совети:

1. За да не дехидрирате почнете да пиете вода во текот на целиот ден. Поштедете се од главоболки и поспаност.

2.  Избегнувајте енергетски пијалаци. Само ќе ви биде потопло.

3.  Немојте да се исцрпувате – умерено со физички активности.

4.  Ако немате климатизиран автомобил, тргнете порано на работа да не ве фати утринското сонце.

5.  Барајте ги сенките кога пешачите и задолжително носете капа.

6.  Избегнувајте пијалаци со шеќер.

7.  Носете памучни алишта, а избегнувајте синтетика.

8.  Секогаш со себе носете мало шишенце со вода.

9.  Очекувајте дека и на работа нема да функционира сè како под конец.

10. Избегнувајте да носите нови чевли, особено боси.

11. Очекувајте инфекции, па внесувајте доволно витамини.

12. Мијте ги рацете почесто.

13. Немојте да носите црни алишта и воопшто темни алишта.

14. Избегнувајте мрсна и тешка храна. Јадете повеќе свежо овошје и зеленчук.

15. Избегнувајте стресови.

16. Забавете. Летото е време за одмор. Не брзајте, за сè има време!

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото ј...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава