Боите на сладоледот: Ледени овошни десерти

Искористете ја сезоната на лубеници и капини и подгответе освежувачки ледени десерти. Пробајте и уживајте!

boite-na-sladoledot-ledeni-ovosni-deserti-1

Сорбе од лубеница

Потребно е
- 1 kg зрела лубеница, 100g темен шеќер, 3 лажици цеден сок од портокал

Подготовка
- Лубеницата исчистете ја од семки и исечете ја на коцки. Додајте шеќер и сок, па сето тоа добро измешајте го во блендер за да добиете кремаста смеса. Сорбето ставете во соодветен сад и држете го во замрзнувач неколку часа.

boite-na-sladoledot-ledeni-ovosni-deserti-2

Ледени капинки

Потребно е
- За сорбе: 250 g капинки, 100g вода, 100 ml кефир, 1 лажицa шеќер.
- За пире: 250 g капинки, 50ml вода, 50 g шеќер и за декорација 50g капинки.

Подготовка
Измиените боровинки пасирајте ги во блендер, Додајте зовриена вода со шеќер и кефир. Смесата ставете ја во сад и оставете ја во замрзнувач  20 минути. За пире ставете да се варат капините со вода и шеќер, па блендирајте ги и изладете ги во фрижидер. Во чаши разлијте го прво пирето од капини и одозгора ставете по една лажица сорбе. Украсете со капини кои неколку минути стоеле во замрзнувач.

boite-na-sladoledot-ledeni-ovosni-deserti-3

Летна овошна салата

Потребно е
- 500 g зрела лубеница, 400g зрела диња, 5-6 праски, шеќер.

Подготовка
- Извадете топчиња од лубеницата и дињата со модла за сладолед, а праските исечете ги на тенки парчиња, па добро изладете ги. Во сад за служење наредете ги топчињата лубеница и диња, па украсете ги со парчиња праска. На крај посипете со шеќер.

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
„Цела недела пиев по 3 литри вода дневно – позитивните промени беа поголеми отколку што очекував“ „Најголема промена видов во кожата – лицето веќе ене ми беше суво, туку хидриран...
Митови за преживување кои не се само лажни, туку и опасни Немојте да пиете вода од кактус ако се изгубите во пустина бидејќи ова може да в...
Инфлуенсерка сподели грозен хотелски трик – перење долна облека во кафемат, се соочи со критики (вид... Инфлуенсерка се соочи со куп критики, а се шпекулира дека добила тужба од хотел,...
Како да се спакувате во една торба (или рачен багаж) за одмор? Спакувајте се во што е можно полесна торба и размислете дали некои продукти, как...

Најчитани неделава