Подгответе: Слатко задоволство со бело чоколадо и фстаци

Интересен слатко - солен спој на чоколадо и фстаци, кој многу брзо може да стане ваш омилен вкус.

podgotvete-slatko-zadovolstvo-so-belo-cokolado-i-fstaci

Ви нудиме едноставно и неверојатно сладок десерт кој може да го приготвите за помалку од 20 минути.

Потребни состојки за 6 чашки мус:

- ½ шолја исчистени фстаци
- 100 gr бело чоколадо
- 180 ml јогурт
- 180 ml слатка павлака
- 4 белки
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 2 лажици шеќер во прав

Фстаците мора да бидат добро измелени во блендер или машина за мелење. Чоколадото се топи на пареа, додека не добиете еднолична смеса.

Со миксер изматете ги павлаката, екстрактот од ванила, а потоа додадете го јогуртот. Треба да добиете средно густа, соединета смеса.

Во посебен сад се матат белките и шеќерот. На крајот се мешаат топеното чоколадо, смесата од павлака и јогурт, како и изматените белки.

Добиениот мус се служи во стаклени чаши во кои ставате ред мус, ред мелени фстаци. По желба може да додадете и по некој цел фстак за појак вкус. На крајот оставете го во ладилник да се олади и згусне и вашиот десерт е готов.

Споделете со вашите најблиски и уживајте во малото слатко задоволство кое ќе им го приредите!

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
Трета светска војна, но не и крај на светот - Што предвидела Баба Ванѓа за 2026-та? Баба Ванѓа има неколку предвидувања за оваа година, но едно од нив е навистина з...

Најчитани неделава