Девојки, еве кога да си дозволите чоколадо за утеха

Не ви предлагаме секојдневно да се тешите со чоколадото, само затоа што мислите дека помага. Но, да бидеме искрени понекогаш постојат ситуации каде само таа утеха ни останува.

devojki-eve-koga-da-si-dozvolite-cokolado-za-uteha

Не затоа што нема на кого да кажете, не затоа што никој нема да разбере, туку едноставно само чоколадото ќе успее да го ублажи стресот.

Ова се 10те ситуации во кои немате потреба од ништо друго, освен од чоколадна утеха.

1. На првиот состанок со згоден дечко се жалите како вашата шефица е неподнослива, со малку поостри зборови, за на крајот да дознаете дека таа всушност е негова блиска пријателка со која одлично се сложува.

2. Се будите после доста бурна вечер и случајно наоѓате, благо кажано, доста интересна порака во мобилниот, која сте ја пратиле на вашиот бивши.

3. Пораката која е наменета за вашата пријателка, а во неа кажувате сочни детали за синоќешната забава, му пристигнува на пример, на вашиот шеф.

4. Ја прашувате вашата мајка како и се допаѓа вашата нова фризура, а таа ви одговара : „Брзо ќе порасне, не се нервирај!“

5. Дечкото на кој се надевате веќе подолго време, конечно ви се јавува – за да побара телефонски број од вашата најдобра пријателка.

6. Пронаоѓате празно место во преполн автобус – каков среќен ден. Седнувате, а малку подоцна сфаќате дека беше празно заради залепената мастика.

7. Конечно си ја дозволивте скапата долна облека која ја гледавте речиси цел месец. А потоа, по второто пробување сфаќате дека не е удобна и никогаш повеќе нема да ја облечете.

8. Му се јавувате на вашиот дечко во работно време за да му кажете неколку секси зборови, а малку подоцна слушате како сите околу него се смеат. Заборави да ви каже дека сте на звучникот од телефонот?

9. Прв пат ги облекувате штиклите кои ги купивте вчера, а по само неколку минути ви се скрши штиклата. Утешете се со фактот дека не сте дале премногу пари.

10. Конечно го завршивте својот „толку тежок, што за малце ќе дадев отказ“ проект и на самото негово сочувување, компјутерот се рестартира. 

Би можело да ве интересира:

Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
10 ситуации кога луѓето се соочиле со безобразни личности (кои немаат грам срам) Ве иритира ли кога ќе позајмите нешто и ќе ви го вратат оштетено? Или кога еден ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Фото-докази дека некои мажи непотребно им го отежнуваат животот на жените „Дечко ми ја преполнува машината за садови и не му е јасно зошто садовите се вал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg