Што е следно?

Велат секој ден треба да изедеме една јаболка, а и една банана заради калциум. Исто така и портокал заради витаминот Це. Задолжително треба...

 

 

...да испиеме една шолја зелен чај (без шеќер за превенција на дијабетес), за намалување на маснотиите во крвта.

Секој ден треба да испиеме барем 2 литра вода (и после да ги вратиме во тоалетот, со што двојно се зголемува sto-poveke1времето кое до сега сме го минувале во ВЦ).

Секој ден треба да се испие барем еден биоактив или еден јогурт за да ги имате сите добри бактерии, за кои никој точно не знае што се, ама ако не се снабдиш со барем еден милион од тие бактерии, ќе видиш убаво!

Секој ден треба да се зема еден аспирин, за превенција од инфаркт, и една чаша црно вино исто така против инфаркт. И една чаша бело вино, за нервниот систем. И една чаша пиво, не ми текнува зошто. Но, ако ги испиеш одеднаш, може да добиеш мозочен удар, но не се секирај, нема ни да го осетиш!

Секој ден треба да јадеш зрнеста храна. Многу, многу, зрнести работи. Потребни се 4 до 6 дневни лесни оброци со тоа што не смееш да заборавиш секој залак да го џвакаш најмалку 36 пати. Па така само за јадење ќе ти требаат 5 часа.

А, да, по секое јадење треба да си ги измиеш забите. Па така, треба да миеш заби по јадење јаболко, по биоактив, по зрнестата храна. И така се додека имаш заби во устата, со тоа што не треба да го заборавиш забниот конец, масажата на непцата и испирање на устата.

Би било паметно добро да го наместиш тоалетот, да ставиш ЦД или телевизор, бидејќи со комбинацијата вода, зрнеста храна и заби, таму ќе минеш доста долго време.

Пресметката вели дека треба да спиеш 8 и да работиш над 8 часа, плус 5 часа за јадење, тоа се вкупно 21. Ти остануваат 3 часа, ако нема гужва во сообраќајот.

Според статистиките, дневно во просек се гледа по 3 часа телевизија.

Сега тоа повеќе нема да можеш да го правиш, бидејќи секој ден треба да одиш најмалку половина час (совет - по 15 минути врати се назад, бидејќи 30 минути во еден правец значи вкупно одење од 1 час).

sto-poveke3Треба да ги негуваш и пријателствата бидејќи тие се како билки и треба секојдневно да се одржуваат. Меѓу останатото, треба да останеш и информиран и дневно да читаш барем два весника и неколку неделни, за да имаш свој критички став.

Треба да имаш секс секој ден, меѓутоа да избегнеш влегување во рутина, мора да бидеш иновативен, креативен и постојано од почеток да го освојуваш партнерот. За ова треба време. Да не збориме за тантрички секс.

Потребно ти е и време за допир со семејството, перење на подот, садовите, облеката. Да не зборуваме што се треба да правиш ако имаш деца или куќен љубимец.

Пресметката вели дека минимум ти се потребни 29 часа. Единствена можност која ти се наметнува е да правиш неколку работи истовремено.

На пример: Туширај се со ладна вода и држи ја устата отворена, па така ќе ги испиеш двата литра . Додека излегуваш од тоалет со четка за заби во уста, имај секс со партнерот кој чита весници и гледа телевизија, додека ти го переш подот.

Ти остана една слободна рака. Јави му се на пријател или роднина. Напиј се вино по разговорот.

Ако ти останаа две слободни минути препорачај ја оваа статија на своите пријатели, додека јадеш лажичка мед, бидејќи таа е многу корисна.

Би можело да ве интересира:

10 реални илустрации за тоа колку ни беше различен животот пред паметните телефони и онлајн достават... Порано беше незамисливо да се каже НЕ на роднина од друг град кој сака да преспи...
12 ретро-фотки од мајки и баби, кои изгледаат како да се излезени од модно списание Дали во старите семејни албуми некогаш сте ги виделе фотографиите од своите мајк...
Летни маки што им се добро познати на сите кои живеат во град, низ илустрации Треба психички да се подготвиме пред секое влегување во автомобил, а кога навече...
Убил над 20 луѓе, додека бил информант под заштита: Детали за случајот кој е „најголем срам“ за ФБИ Скот Кимбал успеал да изманипулира неколку ФБИ агенти и да стане нивен доверлив ...
Легендарен момент: Ал Пачино и Роберт де Ниро, пријатели и филмски икони, се појавија во емотивна мо... Најубавата реклама, видео и фотки што ќе ги видите денес - Ал Пачино (85) и Робе...
Работи кои ни беа норма во `90-тите и 2000-тите, но новите генерации тешко дека ќе ги преживеат „Денешните деца не знаат што значи да им биде навистина здодевно“. „Денешните...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg