Чоколадни бомбици со путер од кикирики

Ако сакате да се почестите со мало слатко задоволство, а немате идеја за нешто брзо и едноставно, испробајте ги чоколадните бомбици со крцкава внатрешност.

cokoladni-bombici-so-puter-od-kikiriki-01

Состојки за околу 20 бомбици со средна големина:

  • 1 шолја путер од кикирики
  • Бисквити
  • 50 грама чоколадни трошки, рендано бело чоколадо, ореви или пак бадеми ( по желба )
  • 150 грама чоколадо


Подготовка:

Најпрво земете ги бисквитите и измелете ги ситно, сè додека не наполните една цела шолја и уште половина. Потоа измешајте ги со путерот од кикирики додека не добиете доволно сува смеса од која можете да обликувате бомбици.

Откако ќе ги направите, поставете ги во еден сад обложен со хартија за печење и оставете ги во замрзнувач околу 1 час.

За тоа време, растопете го чоколадото на пареа. Чоколадните трошки, ренданото чоколадо или оревите, што и да одбравте, ставете ги во помал сад.

Додека топчињата сè уште се замрзнати облејте ги со чоколадо, а потоа извалкајте ги во садот со состојката која ја одбравте. Можете да декорирате и со овошје, овошен прелив или пак рендани апетисани по желба.  Оставете ги во замрзнувач уште 15тина минути, додека чоколадото не се олади.

Уживајте!

cokoladni-bombici-so-puter-od-kikiriki-2

cokoladni-bombici-so-puter-od-kikiriki-1

cokoladni-bombici-so-puter-od-kikiriki-3

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
Татко му го носел во фабриките за кокаин уште на 9 години: Каде е денес синот на Пабло Ескобар? Хуан Пабло, синот на Пабло Ескобар, денес живее под друго име – Себастијан Марок...
„Ме киднапираа сомалиски пирати – 11-годишно дете ми се закануваше со пиштол, поминав 3-месечен пеко... „На секои пет денови, се менуваше групата мажи што нè чуваа. Повеќето беа само ч...

Најчитани неделава