6 невистини за перењето алишта

Иако перењето алишта и не е некоја филозофија, многу пати се наоѓаме во ситуација да ги ставиме валканите алишта во машина и да размислуваме кој е најдобриот начин за перење.

6-nevistini-za-perenjeto-alista

Ако мислевте дека студената вода не може да ги испере алиштата, или дека сортирањето на алиштата пред перење не е потребно, тогаш време е да откриеме неколку митови за перењето алишта.

Ако облеката е многу валкана треба да се стави повеќе детергент

Дефинитивно најголемиот мит со кој се постигнува спротивен ефект. Ако на вашите алишта им додадете повеќе детергент, од препорачаното, програмот кој сте го одбрале не може да го испере целиот детергент, а тоа може да ја оштети облеката и да предизвика алергиски реакции на вашата кожа. Придржувајте се до правилата истакнати на детергентот или машината за алишта.

Облеката не може добро да се испере во студена вода

Станува збор за невистина. Детергентите за перење подеднакво се раствораат и функционираат во студена и топла вода. Некои материјали никогаш не смее да се перат во топла вода, но сепак можете успешно да ги исперете. Крпите, чорапите и долната облека треба да се перат во топла вода.

Облеката се собира при перењето

Ако станува збор за чувствителни материјали како што е волната која треба да се пере според посебни упатства, облеката нема да се собере при перењето, туку при сушењето. Избегнувајте го пресушувањето на облеката. Користете пократки програми за сушење, а ако ја сушите облеката покрај радијатор или печка, немојте да ја оставите да се пресуши.

Не треба да се раздвојува облеката пред да се пере

Немојте да се ослонувате на разните средства и марамчиња за впивање на боите бидејќи можете да зажалите. Раздвојувањето на облеката не е старомоден совет, туку функционалност која постои со причина. Раздвојувајте ја облеката на бела, црна и шарена и ќе го избегнете разочарувањето поради обојување на омилената маица.

На избледените фармерки им неа спас

Обидете се на старите избледени фармерки да им ја вратите бојата со перење во машина. Исперете ги заедно старите и новите фармерки и во машината додајте два грста сол. Вишокот боја од новите фармерки може делумно да помине на старите.

Крпите може да бидат меки само со употреба на омекнувач

Уште една невистина. Омекнувачот за алишта секако дека ќе ги омекне крпите, но исто така може д аги направи премногу меки што ќе резултира со помалку впивање и непријатен мирис на влага затоа што поспоро ќе се сушат. Со крпите, во машината додајте две чисти тениски топчиња или малку оцет и вообичаениот детергент и вашите крпи ќе бидат меки и без омекнувач.

Имате некој совет да додадете? Слободно споделете со нас во коментарите!

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...

Најчитани неделава