Првомајски водич за еднодневен излет

Први мај е синоним за скара, па затоа никако не останувајте дома. Соберете неколку најблиски пријатели, бидејќи овој ден е створен за дружење. Изгубете се некаде далеку од градските гужви, уживајте во природата и опуштената атмосфера, а пред сè во вкусната скара.

prvomajski-vodic-za-ednodneven-izlet-01

Каде да одите?

Одберете дестинација каде што некој пријател или вие имате викендичка со двор. Идеално е за целодневна забава, со мали кафе-паузи.

Доколку немате викендичка, упатете се кон некоја река која знаете дека има одлични полјани и чистинки на кои ќе може да се опуштите. Поставете подлога на која ќе седите, а на неколку метри започнете со распалување на скара. Реката нека ви ги лади пијалоците и нека ве разладува од високите температури.

prvomajski-vodic-za-ednodneven-izlet-02

Ако пак не сте расположени за активен први мај, секогаш може да се упатите кон некоја локација надвор од градот која што има одличен ресторан, прекрасна храна и одлична природна околина. На пример, упатете се накај убавините на Матка и уживајте во храната и свежиот воздух.

Како да подготвите неодолива скара?

Ако сепак вие сте мајсторот за први мај, имаме неколку едноставни совети со кои сите ќе ги воодушевите.

Ќебапи – Никогаш нема да погрешите, бидејќи нема човек кој не ги сака. Постојано вртете ги за да заруменат, а не да изгорат. Највкусна комбинација со ќебапите се знае дека е многу кромид. Уживајте и во домашното меко лепче и зачините со кои нема да бидете свесни колку ќебапи ќе изедете.

Свински врат – За свинскиот врат нема некој посебен рецепт. Единствено, треба да биде доволно утопен во масло за да биде крцкав и неодолив. Комбинирајте со вкусни млади компири под вршник на кој никој нема да остане рамнодушен.

Бело месо – Можеби едно од наједноставните меса за подготовка. Белото месо е неопходно да го зачините со вегета и сол пред да го ставите на скара. Внимавајте, бидејќи ова месо се пече полесно од било кое, па затоа доволно е да добие златеста боја.

Зеленчук – Зеленчукот на жар е одличен додаток со секое месо. На неколку стапчиња за ражничи наредете свежи печурки, домати, пиперки, компири, кромид и сè што ќе посакате. Откако ќе го испечете месото, ставете го зеленчукот. Шмекот кој ќе го има не се мери со ниту една салата која може да ја подготвите.

prvomajski-vodic-za-ednodneven-izlet-04

Како да пресметате колку месо ви е доволно?

Сметајте дека 200 грама месо е една плескавица и 5-6 ќебапи. Затоа, не се преценувајте, па да си одете со вишок месо. По околу 300 грама месо од човек е сосема доволно, и покрај тоа што целиот ден ќе бидете активни.

prvomajski-vodic-za-ednodneven-izlet-03

Што друго да понесете?

Не ја заборавајте музиката. Понесете полн телефон или пак било што што знаете дека ќе издржи целиот ден.

Прибор за јадење. Можеби ќе бидете во природа, но сепак сакате да јадете во чисти чинии и да пиете од чаши, а не од шишиња.

Заштита од сонце. Чадор, фактор за тело и секаков вид на креми кои ќе ви помогнат да не се вратите жар-црвени.

Доколку не одите покрај река, не заборавајте да понесете мини ладилник за пијалоците.

И секако, ако сте големо друштво топка или фризби ќе биде секогаш добредојдено.

Подгответе се уште денес и уживајте!

Би можело да ве интересира:

Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...

Најчитани неделава