Направи сам - Џем од јагоди

Се ближи лето, а тоа значи изобилство на свежо овошје и зеленчук. Едно од омилените летни овошја на многумина, сигурно се јагодите. Вкусни, слатки и ги сакаат и деца и возрасни.

napravi-sam-dzem-od-jagodi-2

Јагодите се одличен извор на витамин Ц кој е значаен за развој на коските, крвните садови и забите. Освен тоа помага во борба со алергии, астма и го зголемува телесниот одбранбен механизам против разните вируси и бактериски инфекции.

Јагодите исто така одлично делуваат и на системот за варење, го забрзуваат метаболизмот и му помагаат на телото во согорување на масти и разградување на штетни состојки.

Јагодите во себе содржат и витамин Б кој управува со растот и развојот на косата и ноктите, го подобрува тенот, а кожата ја прави нежна, сјајна и здрава.

Македонија е една од земјите во кои јагодите одлично успеваат, па многу домаќинства подготвуваат џем од јагоди. Ако и вие сакате секогаш да имате вкусен намаз за палачинки или тазе кифлички, еве неколку совети како да направите.

napravi-sam-dzem-od-jagodi-1

Најпрво јагодите се мијат темелно и им се отстрануваат рачките. Потоа, поголемите јаготки се сечат на крупни парчиња, а малите се оставаат цели. Џемот се прави од големи парчиња овошје.

Потоа, потребно е да ги зашеќерите по желба (но, сепак јагодите впиваат доста шеќер) и да ги оставите една ноќ во ладилникот.

Вториот ден, откако јагодите го впиле шеќерот пуштиле свој природен сок, подготвени се за варење. Додека се варат, постојано треба да ги мешате и да ја отстранувате пената која се собира на врвот.

Варењето трае најмалку еден час, а откако ќе се сварат во џемот се додава ванила, чоколадо или други состојки по ваш вкус. Џемот се складира во тегли додека е топол, но неопходно е теглите да бидат претходно загреани во рерна на 100 степени.

Теглите добро се затвораат, а можат да се отворат во наредните шест месеци до година дена, ако во џемот нема некоја состојка која има пократок рок на траење.

А сега можете да почнете да правите колачи, палачинки, кроасани...

Добар апетит!

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...

Најчитани неделава