Луксузен стан со Лондонски шмек
На првите три ката во познатото лондонско обележје Свети Панкрас Пентхаус се наоѓа еден од најлуксузните апартмани кои можат да се купат во Лондон.
Овој проект е првична идеја на луѓето од Freshome, a подоцна на преуредување на местото работи TG Studio.
Сите кои работеле на креирање на овој проект се соочиле со неколку предизвици како тоа што оваа градба претставува јавен имот и е прогласена за национално богатство, па предизвикот бил да се направи план како се да изгледа совршено, а при тоа да не се менува градбата, ниту од надворешна, ниту од внатрешна страна.
Единствено што е изменето од првичната градба, се внатрешните скали кои се додадени да ги поврзуваат сите три ката.
Средниот кат е централниот дел и фокусна точка на апартманот и има површина од околу 800 m2. Овде има зона за седење и опуштање и маса за билијард.
Бањата е лоцирана врз двете готски кули и има тројно повисоки тавани од обичните простории. Висината на која е поставена бањата нуди прекрасен видик на околината.
Шарена и модерна, а истовремено со задржана традиционална вредност и без големи измени Свети Панкрас Пентхаус е место каде секој би сакал да живее.
Би можело да ве интересира:





