Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто часовниците на рекламите секогаш покажуваат 10:10?

Кога и да влезете во некоја продавница за часовници, ќе видите дека сите се наместени да го покажуваат времето 10:10. Сигурно сте се запрашале кое е значењето, дали тоа е маркетинг трик или пак едноставно така треба да биде.

zosto-casovnicite-sekogas-pokazuvaat-1010-01

Ова се неколкуте најчести објаснувања за оваа појава.

1. Многу често производителите на часовници своето лого го ставаат на местото каде што часовникот покажува 12 часот. Па, доколку едната стрелка е на 10, другата на 2, нивното лого е одлично урамено и доаѓа до израз.

2. Кога ќе го погледнете часовникот кој покажува 10:10, има шанса да ви заличи на насмеан лик. Се верува дека смајли ликот шири позитивна енергија и многу е подобро кога часовникот му се насмевнува на купувачот.

3. Кога стрелките од часовникот се наместени точно на 10:10, останатите детали се подобро видливи во споредба со случајот кога стрелките би покажувале друго време. Исто така практикуваат никогаш стрелките да не се поклопуваат, бидејќи подобар ефект има кога двете стрелки се видливи.

4. Многумина тврдат дека кога стрелките се наместени да покажуваат 10:10 изгледаат симетрично и попријатно за очите, што е одлично за маркетингот и продажбата.

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Празен паркинг и уште 6 знаци дека е подобро да го напуштите хотелот, според вработени Прегорените сијалици и прашината во лобито се само дел од ситниците што покажува...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg