10 причини зошто да се смеете

Една крива линија може да исправи многу работи. Со насмевката може да се подобри сопственото расположение како и на вашите блиски. Но, смеењето има и ред други здравствени придобивки за вашето здравје.

10-pricini-zosto-da-se-smeete-01

Откријте ги 10те факти кои сигурно ќе ве натераат секогаш да ја носите насмевката на себе.

1. Смеењето околу 100 пати дневно е еднакво на 15 минути возење на велосипед. Силно смеење го зголемува бројот на биењата на срцето, го  подобрува дишењето, а се користат и мускулите на лицето, стомакот, и градниот кош.

2. Го намалува стресот, помага во борбата против инфекции и ја намалува болката.

3. Се намалува нивото на два хормони на стресот кортизол и епинефрин кои го нарушуваат имунолошкиот систем.

4. Смеењето предизвикува позитивни промени во хемијата на мозокот, се ослободува ендрофин и со подлабокото дишење се носи повеќе кислород во телото.

5. Ги потиснува лутината, стравот, вината, тагата и напнатоста.

6. Смеењето ги поддржува правите ставови, а не погрешните.

7. Повисоко ниво на антитела кои ги спречуваат заразните организми да влезат во дишните патишта се пронајдени во организмот на луѓето кои гледале некое смешно видео.

8. Истражувачите докажале при гледање на некоја комедија со смеењето се уништуваат малигни клетки чии ефекти траеле до 12 часа.

9. Забавите, кловновите и игрите се важни за подобрување на квалитетот на животот на пациентите во самите болници.

10. Планирањето на пријатни активности во блиска иднина го намалува нивото на хормонот за стрес.

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...

Најчитани неделава