Зошто некои луѓе се магнет за комарци?

Доколку се чувствувате како да сте мета на секој комарец во околината, додека вашите пријатели едвај имаат еден убод во текот на целото лето, можно е вие да сте магнетот.

zosto-nekoi-luge-se-magnet-za-komarci-01

Дури 20 проценти од нас се многу привлечни за комарците, а научниците конечно открија неколку причини за тоа кои ќе ве изненадат.

Комарците преферираат крвна група 0
Во текот на својата потрага за оброк, речиси дупло поголеми се шансите комарецот да се нахрани од личност со крвна група 0, отколку со крвна група А. Многумина лачат одредени супстанци кои само им помагаат да ја идентификуваат групата, па така полесно го одредуваат својот плен.

Пивопијци, внимавајте
Со испивање на едно мало шише пиво можете значајно да ги зголемите шансите да бидете мета на комарците. Не е познато зошто, но во текот на едно истражување, испитаниците кои се напиле само неколку голтки пиво станале “повкусни” за разлика од оние кои пиеле други пијалаци.

Бидете внимателни на полна месечина
Овие здодевни инсекти се најактивни кога месечината е полна, па напаѓаат дури 500 пати повеќе отколку другите денови и ноќи.

Босите нозе им се попривлечни
Нозете во патики и чорапи не се толку привлечни како што се голите нозе и стапала. Внимавајте кога сте на плажа или шетате некаде каде што има голема можност да бидете жртва на убод од комарци. Секогаш носете подолги шорцеви, фустани и прекривајте се со лесни материјали.

Сакаат темна облека
По многубројни испитувања, потврдено е дека комарците ги привлекуваат темни бои, посебно црната, црвената, а најмалку нијансите на жолтата. Како неутрални се покажале сивите и сините нијанси.

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Ако сте љубезни со непознати, а дрски дома - Вие не сте добра личност, само градите лажен имиџ“ „Можете да бидете љубезни кон животните, кон продавачите, кон секој странец кој ...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
„Се преселивме во Виетнам на 10 минути од плажа – за сметки и кирија плаќаме 325 € месечно, за храна... „Живееме во Да Нанг и плаќаме 325 евра за кирија и сметки. Во оваа сума се вклуч...
Го застрелала убиецот на ќерка ѝ во полна судница: Детали за случајот што до денес го дели мислењето... Некои би ја нарекле убиец, а некои хероина, но Маријан Бахмајер имала само една ...

Најчитани неделава