Фенг шуи совети за пријатен одмор

Веројатно сте слушнале како Фенг шуи се користи при уредувањето на станови и простори, но дали знаете дека неговите принципи можат да се искористат за привлекување на позитивна енергија во текот на одморот?

feng-sui-soveti-za-prijaten-odmor

Погледајте ги овие Фенг шуи совети за позитивна енергија пред и после летното патување.

Фенг шуи совети за пред патување

Не го оставајте хаосот зад себе во домот кога ќе одите на одмор. Ако го направите ова, ќе привлечете таква енергија и за време на патувањето. Таа може да се манифестира во проблеми со хотелските соби, или проблеми со авионскиот пат.

За да си осигурате пријатен одмор, однапред подгответе го својот дом за враќање. Посебно внимание обрнете на јадењето. Фрлете ги остатоците на храната и изнесете го ѓубрето, бидејќи тоа го забавува течењето на енергијата.

Ако сте отсутни повеќе од една недела, замолете некој да се грижи за вашите растенија и редовно да ги проветрува просториите.


Фенг шуи совети за на пат

Кај повеќето промената значи полнење на батериите, но се разбира, секоја промена значи стекнување на нови навики што може да биде стресно.

Со себе задолжително понесете слика од својот дом и семејство. Тоа ќе ви помогне да ја задржите енергетската врска со домот и блиските.

Земете со себе и еден предмет од вашиот дом. Кога ќе пристигнете на новото место отворете ги прозорците за да проветрите и поставете го предметот по ваша желба.


Фенг шуи по враќањето дома

По вашиот одмор, за да ги избегнете измешаните чувствата треба да направите неколку работи.

Истиот момент отворете прозорци. Пуштете пријатна музика и почнете да се движите низ домот. Проверете ги растенијата и милениците во секоја просторија. Смејте се и обидете се да го задржите позитивното чувство од патувањето и не размислувајте за обврските кои ви следат.

Распакувајте се. Користете купка од лаванда за да ве ослободи од стресот.

Направете си кафе и испијте го во омилениот дел од домот.

Откако ќе се одморите, земете хартија и пенкало, и почнете да размислувате на враќањето како нов почеток. Напишете кои се вашите цели, планови, што сакате од животот.

Би можело да ве интересира:

„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...

Најчитани неделава