Десетте најдобри страни на летото

Без оглед на тоа колку e брзо вашето секојдневно темпо на живот и колку малку време за опуштање имате, летните денови се секогаш последна надеж - тоа е време кога бесконечно може да уживате во одморот и правењето ништо и тоа покрај звукот на морето.

desette-najdobri-strani-na-letoto-01

Се обидувате да ги пронајдете 10те најдобри страни на летото?

Море

За некој е само солена вода, а за други непресушен извор на уживање. Речиси да не постои личност која не се радува на подводниот разновиден свет, пливањето, нуркањето или можеби само излежувањето додека нежни бранчиња го галат за стапалата.

Риба

Нема добар одмор без риба. Може сте една од оние личности кои во зорите сакате да одите по риболов и да уживате во изгрејсонцето, а можеби и само сакате да купувате и подготвувате неодоливи морски специјалитети. И во двата случаи доживувањето е незаборавно.

Бесконечен годишен одмор

Во текот на годината успеваме да споиме неколку дена или некој викенд плус за излет до најблискиот парк, но во лето бесрамно го искористуваме одморот до последниот час. Веќе по неколку дена кои ќе ги минете во излежување и без секојдневните грижи, ви се чини дека се препородувате. Постои ли нешто подобро од неработен понеделник?

Нема брзање

Во лето нема ништо брзо кога сте на одмор. Не постои ништо друго освен изгревањето и заоѓањето на сонцето, а кога морате да испланирате за само еден час како ќе ја минете вечерта - единствено тоа претставува брзање.

Боси нозе деноноќно

На плажа, накај соба, по тераса, до продавница - боси. Ништо не е далеку кога можеш да уживаш во ситниот песок и топлиот асфалт.

desette-najdobri-strani-na-letoto-02

Секаков алкохол

Штом пристигнете на море, преовладува потребата за егзотични сладоледи и шарени пијалаци. Ако пак од друга страна сте мераклија за вкусно мезе и чашка жесток пијалак, не е проблем, сè е дозволено и повкусно во лето.

Во секој стереотип има половина вистина

Додека вашата понежна половина фотографира некоја знаменитост, вие во старт имате 10тина летни фустанчиња. Претпоставуваме дека ниту девојките нема да имаат ништо против фотографија со неколку случајни стомачни мускули, наместо неколку пивски стомачиња.

Летно освежување

Далеку од тоа дека егзотичните овошја не ги консумираме во текот на целата година, но летните кивија и манго изгледаат многу посочно.

Дожд

Летните дождови се нешто што со нетрпение го очекуваме. По многу денови минати на +35 степени, се чувствуваме наградени кога ќе пророси. А по природното разладување следи уште еден пријатен мирис кој останува по летниот дожд - барем нешто за паметење до следниот.

Забави кои се претвораат во фешти

Нема подобри забави од летните и на отворено. Сите се опуштени, не се грижат дали ќе испијат помалку или повеќе, гласната музика на никој не му пречи, а најдобро од сè е што се случуваат на некоја плажа или шумичка покрај обалата. Единствена опасност од која треба да се плашите е таа да не се вратите во реалноста.

desette-najdobri-strani-na-letoto-03

Би можело да ве интересира:

„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Извадил 200 евра, купил билет за Лондон и исчезнал: Детали за чудното исчезнување на 14-годишниот Ен... Ендру Госден бил натпросечно интелигентно дете кое немало ниту еден изостанок на...

Најчитани неделава