Храна заради која вреди да патувате
Патувањата ги стимулираат сите сетила, а вкусот од некои далечни краеви низ светот лесно може да ве маѓепсаат. Ова се специјалитетите за кои вреди да патувате.

Јемен: Салтах
Богата чорба направена од јагнешко, пилешко или говедско. Во оваа земја се јаде со пита од тесто за леб.

Виетнам: Пхо
Ова е супа со тестенини која се состои од тестенини од ориз и исечкано говедско или пилешко месо, зачинета со нане и лимета.

Шкотска: Хагис
Хагис е шкотски деликатес подготвен од внатрешноста на овците, сварен со лук, овес и многу зачини. Се смета за највкусно шкотско национално јадење и се сервира со пире од компири и моркови.

Тринидад и Тобаго: Даблс
Даблс е сендвич од леблебија во пржена пита зачинета со многу кари. На овој оброк по желба му се додаваат разни сосови и краставички.

Венецуела: Пабелон Криоло
Овој специјалитет содржи исечкано говедско, црн грав и ориз. Обично на средината се полева со пржено јајце и е специјалитет кој до сега добил само позитивни коментари.
