5 работи кои можеби не сте ги знаеле за кучињата

Мислите дека одлично ги познавате своите кучиња? Размислете уште еднаш. Иако со нив другаруваме веќе илјадници години, некои работи, сепак, ни останале скриени.

5-raboti-koi-mozebi-ne-ste-gi-znele-za-kucinjata-01

Со години се покрај нас, нè следат, нè сакаат, нè чуваат, нè забавуваат. Кучето е навистина најдобриот пријател на човекот, а пријателите мора добро да ги запознаете.

Ви претставуваме 5 работи поради кои можеби уште повеќе ќе ги цените.

1. Исти болести

Кучињата од една страна се многу слични со нас. Дури делиме и некои  болести. Покрај сличните здравствени заболувања, кучињата, на жалост, можат да заболат и од рак. Истражувањата покажуваат дека дури 6 милиони кучиња годишно ја добиваат оваа болест.

5-raboti-koi-mozebi-ne-ste-gi-znele-za-kucinjata-1


2. Дијагноза

Оваа нивна способност веќе е добро позната. Не се знае, дали е тоа до поврзаноста со сопственикот или некое нивно посебно изразено сетило. Но, кучињата можат да почувствуваат кога сме болни, посебно кога се работи за рак, дијабетис или епилепсија. Исто така, можат да се издресираат да насетат рак на белите дробови, градите, кожата, матката и простатата. Интересно е дека кучињата можат да насетат епилептичен напад, дури и 45 минути пред тој да се случи.

5-raboti-koi-mozebi-ne-ste-gi-znele-za-kucinjata-2


3. Паметни

Во Асоцијацијата на психолози во Америка, пред 4 години е објавено истражување кое открило дека кучињата можат да бидат паметни колку дете од две години. Некои раси можат да разберат и до 200 зборови, а меѓу најпаметните спаѓаат кучињата бордер коли, следни се пудлиците, овчарите, златните ретривери и доберманите.

5-raboti-koi-mozebi-ne-ste-gi-znele-za-kucinjata-3


4. Завист и вина

Научниците докажале дека кучињата знаат кога сме неправедни кон нив. Брзо сфаќаат и реагираат кога се погрешно третирани во однос на други кучиња. Меѓутоа, иако вам ви се чини дека вашите прекори имаат ефекти, грешите – кучињата не чувствуваат вина.

5-raboti-koi-mozebi-ne-ste-gi-znele-za-kucinjata-4


5. Разлики

Најголемата разновидност на видовите, од сите цицачи, присутна е кај кучињата. За тоа се заслужни генетичарите, кои споредувајќи ги видовите кучиња ја набљудуваат работата на гените и карактеристиките.

5-raboti-koi-mozebi-ne-ste-gi-znele-za-kucinjata-5

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...

Најчитани неделава