Што нема да ви кажат во казината во Лас Вегас

окрај мотото „Што се случува во Вегас, останува во Вегас“, градот на гревоти има поголем број свои тајни, особено кога станува збор за добивките во казината.

sto-nema-da-vi-kazat-vo-kazinata-vo-vegas

Ние ќе споделиме некои од тие тајни и ќе ви кажеме некои работи кои нема да ви ги кажат во Вегас.

Консумирањето алкохол е сигурен пат да изгубите

Иако многу патници сметаат на бесплатниот пијалак за време на коцкањето, влегувањето во игра со пијалак во рака е дефинитивно најдобрата стратегија да изгубите. Освен ако сте некакво чудо од човек на кој алкохолот не му го заматува умот, пиењето алкохол дефинитивно ќе делува на вашето расудување и перцепција. Ако сакате да победите морате да бидете анти-алкохоличар.

Во секоја игра куќата е во предност, обидете се да и ја одземете предноста

Од сите игри во рулетот имате најмалку шанси. Многу нешта треба да се поклопат за да погодите каде ќе застане топчето. Освен ако не ве погодил гром, па имате некоја натприродна моќ која ви овозможува да ја видите иднината. Најдобри шанси за добивка имате во live покерот. Во оваа игра добивката зависи исклучиво од вас и од вашето знаење и вештини. Секако и од добриот блеф.

Максимален влог за максимална добивка

Ако играте на слот машини и се обидувате да добиете исти сликички во еден хоризонтален ред, мора да знаете дека добивката е пропорционална со вложеното. Во повеќе случаи е три до пет пати поголема добивката од вложеното. Така, ако играте за пет долари, максималната добивка изнесува 25 долари. Затоа повеќе се исплати да се стави поголем влог за да добиете повеќе.

Казината се градени така за да ве дезориентираат

Да се пронајде излезот од казиното може да биде поголем предизвик од добивањето во некоја игра. Положбата на апаратите и масите е добро смислена за да изгледа како лавиринт. А кога ќе се изгубите во тој лавиринт едноставно седнувате на некој апарат или маса и почнувате да губите пари. Сето тоа е дел од стратегијата. Исто така и фактот што во ниту едно казино нема да видите часовник. Тие не сакаат да кажете дека веќе е доцна и време е да си одите... Нивната цел е да останете подолго и да играте, а колку подолго сте гостин, толку е и поголема веројатноста дека ќе изгубите.

Добиј и оди си

Единствениот начин како да останете во плус при посета на Вегас е кога ќе почнете да добивате едноставно да ја прекинете играта, да станете и да си отидете. Ако останете да играте порано или подоцна ќе ја изгубите целата добивка, а најверојатно и повеќе од тоа.

Би можело да ве интересира:

Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава