Како вистински да уживате во есента?

Есента знае да биде навистина романтична, топла и заводлива. Иако некои не ја сакаат заради дождливото време и облачните денови, сепак најмногу зависи од тоа каква ќе си ја направите сами. Колку шарм, топлина и инспирација ќе внесете во неа за да ја доживеете нејзината магична страна.

kako-vistinski-da-uzivate-vo-esenta-01

Секое годишно време има своја убавина, само треба да знаете да ја пронајдете.

1. Излезете и прошетајте низ паркот, почувствувајте како шушкаат сувите лисја под вашите стапки.

kako-vistinski-da-uzivate-vo-esenta-1


2.
Соберете поголеми лисја во различни кафени, жолти, црвени нијанси и направете есенска икебана со која ќе му дадете нов шарм на домот.

kako-vistinski-da-uzivate-vo-esenta-2


3.
Кога врне, седнете удобно во вашата фотелја, отворете го прозорецот и уживајте во звукот кои го создаваат капките дожд. Ќе се почувствувате смирено и релаксирано.

kako-vistinski-da-uzivate-vo-esenta-3


4.
Ако случајно додека врне се најдете во заглавен сообраќај, не ги губете нервите. Ќе стигнете каде и да сте тргнале, во времето додека чекате обидете се да останете смирени и погледнете ги боите на семафорите, рекламите, светлата на возилата низ замагленото стакло. Ќе забележите уметничка слика со бои кои се прелеваат.

kako-vistinski-da-uzivate-vo-esenta-4


5
. Иако температурите се пониски, сепак не е толку студено за да се наоблечете премногу. Изнајдете интересни парчиња облека и модни додатоци со кои ќе го надополните есенскиот изглед. Сега имате можност да шетате без палта, туку со подебели џемпери, интересни понча, наметки, чизми или чевли изборот е ваш. Есента дозволува експерименти заради модниот премин од летна кон зимска облека.

kako-vistinski-da-uzivate-vo-esenta-5


6.
Во есента можете да си дозволите смирена забава, во која нема да трчате надвор за да лудувате, туку ви дава можност да најдете начин и да си го направите интересно времето дома, кога немате многу избор заради врнежливото време. Топол чај со лимон и мед кој ќе ви го стопли телото и добра интересна книга која ќе ве одведе во некоја друга приказна, можат да ви го направат времето дома одлично за уживање.

kako-vistinski-da-uzivate-vo-esenta-6


7
. За поуметничките души, есента е особено инспиративна. Ги буди најнежните и најромантичните чувства во вас. Па дури и оние кои не се толку надарени може да се инспирираат. Пронајдете го своето хоби и начин на изразување. Некои знаат да пишуваат поезија, проза, други да насликаат нешто, трети изработуваат интересни предмети, можете да им дадете нов есенски лик на старите домашни предмети, да го преуредите домот со интересни идеи.

kako-vistinski-da-uzivate-vo-esenta-7


8.
Згответе нешто вкусно и есенско. Интересни колачи со плодовите на есента како тикви, костени, јаболка можат да ви направат топла и мирислива атмосфера во домот, а при тоа да бидат толку слатки, што ќе го обожувате вкусот на есента.

kako-vistinski-da-uzivate-vo-esenta-8

Би можело да ве интересира:

Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава