Најлошо што може да се случи?

Дали ги губите нервите за глупости? Ако ви се случува да мислите дека светот ќе пропадне поради некоја ситница ве уверуваме дека нема потреба од...
 


... секирација во следниве случаи:

Чевлите и чантата не ви одговараат
Најверојатно: Никој нема да забележи. Нијансите и не се толку важни, се` додека стилски си одговараат. Немојте да комбинирате сребрени сандали со спортски ранец и се ќе биде во ред.

najloso-sto-moze-da-se-sluci1
Во најлош случај: Ако сте позната фаца ќе се најдете на листа на лошо облечени во некое списание или емисија. Ако сте обичен цивил, нема најлоши случаи за вака „големи“ проблеми.


Ако по грешка го избањате кучето со обичен шампон
Најверојатно: Во 80% од слуачите не се случува ништо.

Во најлош случај: Ако вашето куче е алергично на таков шампон може да добие осип, отоци или многу ретко, проблеми со дишењето.

А сето тоа се решава со еден повик до ветеринарот.


Ако голтнете мастика
Најверојатно: Без грижи, митот дека мастиката останува во стомакот седум години е апсолунто неточен. Таа нема да се задржи ни седум часа.

najloso-sto-moze-da-se-sluci2
Во најлош случај: Како и со се друго што се голта постои мал ризик да се задушите.

Ако заборавите мокри алишта во машината за перење
Најверојатно: Ништо нема да се случи. Облеката нема да добие лош мирис ако стои помалку од десетина часа.

Во најлош случај: Ако се многу водени може да нафатат мувла, или пак, ако стојат така многу долг период да се појават ситни дамки на облеката.

Флеките од мувла, ако не се третираат, може да ја изгнијат ткаенината.

За да ја исчистите мувлата потопете ја облеката во млака или врела вода (зависно од материјалот) и детергент.

Би можело да ве интересира:

„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува... Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багаж... „Парите, начинот на живот, накитот … сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg