Гинисови рекорди: Најбрзата коза со скејтборд поминала 6 метри за 25 секунди

Секој сопственик на милениче смета дека тоа е најубавото, најслаткото, најпаметното, но сепак и за нив постојат одредени критериуми според кои можат да влезат во Гинисовата книга на рекорди и на го добијат префиксот нај- во некоја категорија.

ginisovi-rekordi-najbrzata-koza-so-skejtbord-pominala-6-metri-za-25-sekundi-01

Најголемата свиња е тешка 900 кг и долга е 2,5 м. Живеела 5 години на фарма во провинцијата Лјаонинг, а умрела на 5 февруари 2004 година.

Најдолгата мачка на светот е петгодишниот мачор Стјуи , кој официјално е долг 123,2 см од опашот до носот и поставил рекорд за најдолго тело на мачка. Неговата сопственичка го нарекува нежен џин.

ginisovi-rekordi-najbrzata-koza-so-skejtbord-pominala-6-metri-za-25-sekundi-1

Најдолга змија која е уловена е питонот  Флафију, долг 7,67 метри.

Мачка со најдолги влакна е поручник Мјау од Лос Анџелес. Сопственичката Ана Мери го усвоила од прифатилиштето  и го чешла трипати неделно бидејќи влакната му се долги 23 см.

ginisovi-rekordi-najbrzata-koza-so-skejtbord-pominala-6-metri-za-25-sekundi-2

Најголемо око во светот има дивата лигња бидејќи пречникот на нејзиното око е поголем од 40 см.

Најмногу бројки што може да ги идентификува коњ – Коњот Лукас во рок од една минута Лукас може да идентификува бројки, да брои до 19 и да прочита пропорции.

ginisovi-rekordi-najbrzata-koza-so-skejtbord-pominala-6-metri-za-25-sekundi-3

Најгласно лае златниот ретривер Чарли со неверојатни 113,1 децибели што е многу погласно од бормашина.

Највисокото куче долго време беше кучето Џорџ, кое неодамна умре. Ако се издигнеше на задните нозе, достигнуваше висина и до 2,13 метри.

ginisovi-rekordi-najbrzata-koza-so-skejtbord-pominala-6-metri-za-25-sekundi-4

Најстариот пингвин во светот е Миси кој наполнил 36 години и иако е слеп и спор, го држи рекордот за најстар. Инаку пингвините кои се чуваат  најмногу до 26, а оние што се сами во природа  само 10-15 години.

Најгласно преде дванаесетгодишната Смоуки, која преде исклучиво на 80 децибели, додека другите мачки произведуваат звук просечно до 25 децибели. За споредба тоа е колку звукот на моторот на Боинг 737 при слетување.

ginisovi-rekordi-najbrzata-koza-so-skejtbord-pominala-6-metri-za-25-sekundi-5

Највисокото магаре е со висина од 155 см, а рекордот го држи магарето Сем од Оклахома.

Најмалото магаре е високо 64,24 см и се вика Нихи. Живее на Флорида, а сопствениците Џим и Френки го обожаваат.

ginisovi-rekordi-najbrzata-koza-so-skejtbord-pominala-6-metri-za-25-sekundi-6

Најголемиот коњ е деветгодишниот коњ Големиот Џејк од фармата во Висконсин кој е висок 213 см.

Најголема оддалеченост која ја поминала коза на скејтборд е Хепи од Форт Мејерс која за 25 секунди поминала 6 метри.

ginisovi-rekordi-najbrzata-koza-so-skejtbord-pominala-6-metri-za-25-sekundi-7

Најмалото куче е женската чивава Мили од Порторико, висока само 9,65 см за која сопственичката кога се родила мислела дека е само постелката, па за малку малечката Мили ќе завршела во канта.

Најбрзото кучешко одење по јаже го направил Ози, кученце без педигре, кое го преминало затегнатото јаже за само 18,22 секунди.

ginisovi-rekordi-najbrzata-koza-so-skejtbord-pominala-6-metri-za-25-sekundi-9

Ова се само некои од најлудите рекорди кои се забележани во најпознатата книга за неверојатни достигнувања во светот. Можеби вие имате милениче кое е навистина во нешто најдобро, па може да ја дополните оваа листа.

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава