Совршена перница за дремка на работа

Сите имаме по некој пријател кој никогаш не е наспан, секогаш е уморен и веројатно сè би дал за животот да го помине во спиење.

sovrsena-pernica-za-dremka-na-rabota-01

Но, секој се нашол во одреден момент кога се што посакува сè само 20 минути одмор, без да ја менува положбата. Токму за ваквите луѓе е измислена оваа перница.

Архитектонско -дизајнерското студио Kawamura – Ganjavian се ангажирало околу задоволување на моменталните човекови потреби.

Спиењето го сметале за една од клучните потреби во денешно време, со оглед на тоа што поради работните обврски сè помалку време имаме за спиење.

Поради тоа навиките мора да се променат, па наместо да спиеме непрекинати 8 до 10 часа, пожелно е барем да имаме кратки дремки. Така би биле и посреќни и поефикасни.

За таа цел овие дизајнери ја измислиле перницата „Ostrich“ која нуди лесна, едноставна и удобна дремка.

sovrsena-pernica-za-dremka-na-rabota-1

sovrsena-pernica-za-dremka-na-rabota-2

Дизајнираната перница има четири дупки: две за рацете една за дишење преку уста или нос и една за вратот, односно преку која се става оваа перница на глава.

Употребата е многу лесна, речиси како ставање зимска капа која ќе ви биде мека, топла и лесна, а при тоа ќе ви овозможи вистинско задоволство и одмор за време на работата.

Не ви е потребен ниту кревет ниту друга перница која стопати ќе треба да ја подместувате. Оваа перница за дремка е сè што ви е потребно за мала пауза.

Погодна е дури и за оние кои имаат проблеми со спиењето, бидејќи нема отвор кај очите, па сакале или не мора да ви бидат затворени. Тоа ќе ве натера побрзо да заспиете.

Оваа перница ја има во различни големини, а може да си направите и посебна нарачка. Како напредува производството, така се смислува и различен дизајн со различни бои.

sovrsena-pernica-za-dremka-na-rabota-4

Покрај класичниот вид, има и подвидови кои се делумни или половични перници погодни за спиење при патување.

Тие се ставаат само на горниот дел од главата и преку очите, па може да се потпрете на прозорецот или некој ѕид.

sovrsena-pernica-za-dremka-na-rabota-8

sovrsena-pernica-za-dremka-na-rabota-10

sovrsena-pernica-za-dremka-na-rabota-7

sovrsena-pernica-za-dremka-na-rabota-9

Дизајнирани се и специјални детски перници кои им помагаат на децата да се сместат и одморат во секоја ситуација, каде и да се наоѓаат без да има потреба  родителите да им бараат погодно место за спиење.

sovrsena-pernica-za-dremka-na-rabota-5

sovrsena-pernica-za-dremka-na-rabota-6

sovrsena-pernica-za-dremka-na-rabota-3

Ваква перница може да си нарачате преку нивната веб страница, а Македонија е на листата на земји до кои тие вршат достава најмногу за 10 дена. Цените и моделите разгледајте ги тука и нарачајте си уникатна перница.

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
Татко му го носел во фабриките за кокаин уште на 9 години: Каде е денес синот на Пабло Ескобар? Хуан Пабло, синот на Пабло Ескобар, денес живее под друго име – Себастијан Марок...

Најчитани неделава