Зошто сме зависни од хороскоп?

Дали сте од оние кои не им поминува ден, а да не го проверат хороскопот? Сигурно и вам ви се случило да прочитате нешто кое ќе го препознаете во вашето секојдневие или кое ќе ве наведе на поинакво расположение. Колку и да не веруваме, сепак на некој начин сме зависни и не интересира да го прочитаме.

zosto-sme-zavisni-od-horoskop-01

За тоа постојат неколку главни причини:

Ни дава насоки

Во моменти кога се двоумиме за некоја одлука во врска со љубовниот живот или кариерата, хороскопот може да се најде во вистинско време да ни помогне со некаква насока која би ни помогнала полесно да се решиме. Понекогаш само толку малку ни е потребно за некоја одлука.

Добар изговор

Ако не знаеме да објасниме некоја постапка или нешто што ни се случува во тој момент од животот, хороскопот е одличен изговор дека под влијание на некои планети нам ни се случува нешто добро или лошо. Дури е и добра утеха која знае да нè смири, бидејќи лесно веруваме дека нештата не зависат само од нас, па полесно ги прифаќаме.

Нè мотивира

Сигурно често ви се случува уште на почеток на неделата да прочитате дека цела недела ќе ви биде позитивна и ќе успевате во она што го правите. Токму таквите реченици за нашиот хороскопски знак може да нè мотивираат дека нема ништо да нè спречи и полесно преземаме некој чекор. Веруваме дека ќе успееме.

Влијае на љубовната врска

Признајте дека кога ќе запознаете нова личност во вашиот живот ве интересира што е во хороскоп и барем еднаш проверувате колку ви компатибилни знаците или кои се неговите карактеристики за полесно да откриете дали си одговарате или не.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...

Најчитани неделава