Кога ви фали сила и насмевка, пронајдете барем една мала причина за среќа

Ако се потрудите во сѐ да најдете барем една мала причина за среќа, ќе си направите голема услуга и за здравјето, но и за пријателите, бидејќи ќе предизвикате продолжена реакција на добро чувство.

koga-vi-fali-sila-i-nasmevka-procitajte

Ќе ја пренесете позитивната енергија на целата ваша околина.

Затоа запишете си ги овие мисли и секогаш кога ќе ви треба повеќе сила или насмевка плус, прочитајте ги, потсетете се.

1. Кога сте во недоумица, направете следен мал чекор.

2. Животот е краток за да губиме време со омраза кон некого.

3. Плачете со некој, тоа е поздраво, отколку да плачете сами.

4. Запомнете, зависта е само губење време.

5. Помирете се со минатото, за да не ви се уништи иднината.

6. Секогаш изберете живот.

7. Во ред е ако некогаш и вашите деца ве видат дека плачете.

8. На сите простете им сѐ.

9. Животот е прекраток за долги тажни денови.

10. Сѐ може да пребродите, само ако останете реални.

11. Кога се борите за нешто што сакате, не прифаќајте „не“ како одговор.

12. Никој не е задолжен за вашата среќа, освен самите вие.

13. Кога мислите дека ви е тешко, запрашајте се: „Дали сето ова ќе ми биде важно и за пет години?“

14. Верувајте во чуда.

15. Она што не ве убива, ве прави посилни.

16. Не го споредувајте својот живот си туѓите животи, бидејќи не знаете како им е навистина.

17. Запомнете, животот не е завиткан со украсна панделка, а сепак е најголемиот подарок.

18. Не правете ревизија на животот. Живејте сега и зeмете најмногу.

19. Ослободете се од она што не ви е потребно, не е убаво или не ве прави среќни.

20. Вдишете длабоко – тоа го смирува умот.

21. Без оглед на тоа како се чувствувате – станете, дотерајте се и покажате се.

22. Кога би ги знаеле проблемите на другите, би сакале да си ги вратите назад вашите.

23. Ако не прашувате, нема да добиете одговор.

24. На крајот на патот, единствено вистински важно е да бидете сакани.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg