Зошто ја сакаме пролетта?

Сивите утра полека, но сигурно веќе останаа зад нас. За многумина, токму пролетта е омилено годишно време. Сте се запрашале ли зошто е тоа така?

zosto-ja-sakame-proletta-01

Пред самиот почеток на жештините, а по долгите зимски денови, пролетта е вредна за чекање. Тоа е период кога изутрина ве буди гласот на птиците, зракот на сонцето и тивкиот ветер.

Во продолжение ви издвојуваме неколку причини зошто ја сакаме токму пролетта:

1. Никогаш не е премногу жешко, ниту премногу студено. Секогаш, можете да излезете на прошетка и да го искористите сончевиот ден - што не е случај во летото.

2. Небото се бои во сите нијанси на сината; од светло сината па се до мастилните нијанси.

3. Дождот не претставува пречка за излегување. Напротив, пролетниот дожд изобилува со мирис на спокој и мирисот на липите.

4. Прекрасно време за да читате книга во двор или на тераса, додека во позадина слушате детска смеа.

5. Пролетта со себе го носи доброто расположение, затоа отворете ги прозорците и уживајте во свежината.

6. Ова е период кога можете да ги отворите прозорците од автомобилот, и да ги развеселите останатите со добра музика.

7. Не мора да се облекувате премногу. Ако во зимскиот период излегувавте со повеќе облека на себе, ова значително ќе се намали, со што ќе почувствувате и големо олеснување шетајќи.

8. Сè расцутува, можете да видите преплет од илјадници бои. Тоа е прекрасно за да ги одморите очите гледајќи во дрвјата, зеленилата на планините, цветовите.

9. За пролетта, велат дека е период на реинкарнација. Период кога зачекоруваме со енергичност, самодоверба и значително сме посреќни.

10. Пролетта е време на заљубување! Според научниците, пролетта е период од годината кога луѓето најчесто се одлучуваат да застанат на ‘лудиот камен’.

Дали и вие сте се заљубиле на пролет? Зошто ја сакате пролетта? Споделете ги вашите доживувања со нас и да ја дополниме заедно листата.

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
12 фотки направени во „вистински“ момент - Ќе ги протриете очите за да сфатите што гледате Умот понекогаш си игра со нас, особено кога ќе видиме нешто, па мора да застанем...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
9 трикови за пакување за во куферот да не ви владее хаос (и да собере сè) Купете организери за куфер, а за на плажа, ќе ви завршат работа и потенки крпи к...

Најчитани неделава