Приредете незаборавна роденденска забава

Без разлика колку свеќички ќе имате на тортата, можете да приредите феноменална и незаборавна роденденска забава. Човек е млад, сè додека се чувствува млад.

priredete-nezaboravna-rodendenska-zabava-01

Па доколку ги одбројувате деновите до вашиот роденден или роденденот на некој ваш пријател, искористете некоја од овие идеи за одлична забава.

Овие неколку предлози со сигурност ви гарантираат супер расположение:

Коктел забава

Запомнете, не мора да биде класична коктел забава. Одредете тема за забавата и секако на поканети гости  кажете им го дрес кодот, за да не сфатат дека станува збор за класична забава.

Направете неколку интересни видови на коктел и секако не заборавајте да набавите апетисани.Доколку имате простор, оставете доволно како гостите би можеле да танцуваат.

Внимателно одбирајте ги декорациите, апликациите и пијачките во склоп со вашата тема, така што сè ќе изгледа уредно и интересно за гостите.

Казино ноќ

Со само неколку декорации можете да направите казино забава. Декорирајте го просторот со интересно осветлување, набавете карти, чипови за покер и забавна музика.

Како што доаѓаат гостите, можете да им делите од чиповите за покер, но штом ќе ги ‘изгубат’ сите чипови, за да добијат повторно смислете некои интересни задачи што ќе треба да ги направат.

Така на пример, тој што ќе сака да ‘купи’ чипови нека испее некоја песна, нека служи коктели на останатите во рок од еден час, нека танцува на некоја смешна песна и слично.

Импровизиран шанк

На гостите кажете им да го донесат својот омилен ликер, сода или џус и секој гостин нека застане зад импровизираниот бар и нека направи свој препознатлив пијалок, односно коктел.

Откога сите ќе ги направат своите коктели и пијачки, оној со најдобрата нека ја каже роденденската здравица. Тоа ќе биде интересно случување, доколку земете во предвид колку коктели дотогаш ќе испробате.

priredete-nezaboravna-rodendenska-zabava-02

Забава под маски

Зошто да не? Секој гостин нека дојде маскиран на забавата. Интересно е ако поканите луѓе кои меѓусебно не се знаат доволно, па маските се одличен начин да се запознаат без срам.

На крајот од вечерта можете да одберете најдобра маска и да го наградите победникот или победничката со шише вино, или нешто друго по ваш избор.

Караоке забава

Овие забави никогаш не стануваат досадни, напротив тие секогаш се одличен избор. Со караоке забава, можете да набавите ‘шотови’ како награда за одличен перфоманс на песна.

Бидејќи е роденденска забава, акцентот нека биде на роденденски песни од секаков тип на музика.

Бидете креативни и уредете го слободниот простор, како би можеле да организирате тематска забава. Секогаш имајте однапред направена плеј листа со музика и вие одредувајте ги песните (освен за караоке забавата).

Каква забава би сакале вие? 

Би можело да ве интересира:

„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Детали од секојдневието на Американците што секогаш ги изненадуваат странците „Луѓето немаат платен одмор. Неодамна чичко ми се пресели од САД во Англија и ре...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...
Работи кои ни беа норма во `90-тите и 2000-тите, но новите генерации тешко дека ќе ги преживеат „Денешните деца не знаат што значи да им биде навистина здодевно“. „Денешните...

Најчитани неделава