30 начини на кои можете да заштедите оваа пролет

Секако, пријатниот живот кој се граничи со луксуз е сечиј сон, но за да можете да го живеете својот сон оваа пролет со пријателите во омилените кафулиња, облечени по најнова мода, вреди да заштедите.

30-nacini-na-koi-mozete-da-zastedite-ovaa-prolet-01

Започнете уште денес. Лесно е и едноставно, само треба да се сетите:

1. Користете ја sleep mode опцијата на вашиот компјутер.

2. Размислете за купување на лаптоп, тој троши помалку енергија.

3. Чистете ги филтрите на сите апарати во домот. Со нечисти филтри секој апарат троши повеќе енергија.

4. Кога е возможно, пешачете.

5. Снабдете се со картички со попусти, ќе се изненадите што може да направат само 5% попуст.

6. Договарајте групен превоз со автомобил. Зошто да давате (најмалку) двојно повеќе пари?

7. Плаќајте во кеш, наместо со картички.

8. Минусот е секогаш скап, затоа оставете ги кредитните картички дома.

9. Пред купувањето направете список.

10. Избегнувајте ги производите со име и бренд, внимавајте на квалитетот.

11. Запаметете, кога купувате, поголемите количини се секогаш поевтини.

12. Кога купувате скап производ, споредувајте ги цените до денар.

13. За она што не ви е неопходно, почекајте ги попустите.

14. Вежбајте на отворено, без да плаќате членство.

15. Поевтино е да вложите во здрава храна, отколку во таблети и сирупи.

30-nacini-na-koi-mozete-da-zastedite-ovaa-prolet-02

16. Организирајте групни дружења наместо да излегувате со еден пријател. Трошоците се секогаш помали.

17. Аплицирајте за гратис карти за кино, театар, опера...

18. На работа носете домашно подготвен оброк.

19. Избегнувајте ги скапите кафулиња. Во нив кафето не е повкусно.

20. Читајте онлајн магазини и книги, сега барем тие се лесно достапни.

21. Тргајте на страна барем 10% од секоја плата.

22. Изнајмувајте работи наместо да ги купувате.

23. Штедете на подароци. Понекогаш, можете и сами да ги изработите.

24. Искористете ги талентите за додатно да заработите.

25. Научете да кажете не. Ако пијалакот по работа ви изгледа скап, одбијте го на љубезен начин.

26. Направете си неделно мени. Така ќе заштедите на производи кои ќе ги купите, а нема да ги потрошите.

27. Не купувајте брза храна.

28. Не купувајте импулсивно. Почекајте барем еден ден за да одлучите дали нешто ви е неопходно.

29. Не трошете пари за игри на среќа. Шансите за добивка се мали.

30. Не купувајте брендирана облека која ќе ја износите за 6 месеци.

Би можело да ве интересира:

Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава