Дознајте колку време од животот сте потрошиле гледајќи серии

Сериите се популарни насекаде, но не турските и шпанските кои се емитуваат кај нас, туку светски познатите и највисоко рангирани кои зад себе имаат милиони фанови кои ги гледаат.

doznajte-kolku-vreme-od-zivotot-ste-potrosile-gledajki-serii-02

Оние серии за кои се чекаат денови до излегување на секоја епизода или месеци за нова сезона. Сериите за кои не се спие, не се јаде и не се излегува, токму тие ви одземаат голем дел од вашиот живот.

Можеби ќе речете: „Еве само уште епизодава, што се 30 минути, секако немам ништо попаметно“. Така, епизода по епизода ви поминала цела вечер, па можеби и дел од утрото.

Но, вистинските фанатици уживаат, среќни се и возбудени додека гледаат или чекаат.

Сепак, ако пресметате колку време сте посветиле на сите серии кои досега сте ги изгледале, ќе добиете резултат со прилично големи бројки.

Но, нема потреба да собирате и да множите. Ако ве интересира резултатот доволно е да ја отворите апликацијата дизајнирана од Alex Cican, да ги впишете насловите на сериите и самата ќе ви пресмета точно.

Според тоа колку сезони и епизоди има серијата што сте ја изгледале, ќе дознаете колку денови, часови и минути од вашиот живот сте потрошиле гледајќи во екранот. Резултатите ќе ве зачудат!

Кликнете на сликата подолу и откријте:

doznajte-kolku-vreme-od-zivotot-ste-potrosile-gledajki-serii-1

Дознавте? Споделете го резултатот?

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...

Најчитани неделава