Нешта кои ни помагаат да продолжиме понатаму

Понекогаш посакуваме да се откажеме од сѐ, од сите проблеми кои не измачуваат, од луѓето кои секогаш ни ја одземаат позитивната енергија, од обврските, работата и на овој список му нема крај.

nesta-koi-ni-pomagaat-da-prodolzime-ponatamu-01

Но, постојат нешта кои секогаш не одржуваат во животот и ни даваат потпора да продолжиме понатаму без разлика каква препрека ни претстои на патот.

Секој пат кога ќе се пронајдете во безизлезна ситуација сетете се на следново:

1. Уживањето во дождливиот ден е бесценето. Гледањето на капките дожд кои играат по некој свој замислен ритам, некоја своја музика и некој свој нов танц. Ве надвладува сонот и полека заспивате, а капките дожд ви ја смируваат атмосферата во душата.

2. Слободен ден за да правите буквално сѐ. Сетете се на оние слободни денови кога можете да си ја прочитате омилената книга, да ја гледате омилената серија или да уживате во кафе во целосна тишина.

nesta-koi-ni-pomagaat-da-prodolzime-ponatamu-02

3. Незаборавните забави со пријателите. Сетете се на сите оние моменти кои се вредни за помнење. На се она што сте го поминале заедно со пријателите. За тие сеќавања и спомени вреди да се живее.

4. Вкусот на зготвената храна. Без разлика дали сте ја зготвиле вие или некој друг, вкусот на добрата храна не одржува во живот.

5. Сетете се на местата кои од секогаш сте сакале да ги посетите. Дури и никогаш да не се случи тоа, вашата желба за авантура и нови подвизи ве одржува и понатаму да мечтаете и да се надевате

Кои се вашите ситни нешта кои ве одржуваат кога ви е најтешко?

Би можело да ве интересира:

Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
Јадат 10.000 калории дневно, тежат по 150kg и носат 5XL облека: Како изгледа животот во „престолнина... „Овде е нормално да бидете дебели, луѓето не слабеат бидејќи никој не ги осудува...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Хит видео топи срца: Собирачи на отпад му дадоа втора шанса на мечето Вини Пу, откако некој го фрлил... Изгледа вработените во комунална хигиена немаа срце да го уништат засекогаш кади...

Најчитани неделава