Како да се ослободите од мирисот на лук и кромид?

Кромидот и лукот се можеби највкусните додатоци во свежите салати и сосови, но потоа останува еден огромен проблем - непријатниот мирис во устата.

kako-da-se-oslobodite-od-mirisot-na-luk-i-kromid-01

Не паничете. Ако ручавте сос со лук или свежа шопска со кромид, а вечерта закажавте важен состанок, имате неколку решенија.

Освен хигиената, овие неколку намирници ефикасно го уништуваат непријатниот мирис:

1. Сенф - Ставете малку сенф во мала лажичка и задржете го неколку секунди во устата. Плукнете, па потоа земете уште половина лажичка сенф кој ќе го проголтате.

2. Листови од ментол и магданос - Џвакајте ги свежите листови неколку минути, додека можете.

3. Големи количини зеленчук - Компирите, печурките, лимоните и морковите во свеж или варен облик ги неутрализираат мирисите. Затоа, кромидот и лукот комбинирајте ги со овие зеленчуци како паметна превентива.

4. Леб - Мала количина од јаглени хидрати исто така ќе ви помогнат во борбата со непријатниот мирис. Затоа, погрижете се да имате барем едно парче леб во вашиот следен оброк.

5. Зелен чај и лимонада - Свежиот мирис и вкус на овие пијалаци има ист ефект како и гумата за џвакање.

6. Вотка - Алкохолот ги убива сите бактерии во устата, кои го создаваат лошиот здив. Вотката е одличен избор затоа што е чист алкохол, без додадени бои и ароми.

7. Млеко и јогурт - Млечните масти од млекото и јогуртот исто така ги неутрализираат сите мириси во устата.

8. Лимон - Свежите парчиња лимон е ефективен борец против бактериите во устата. Изџвакајте неколку резенки веднаш по оброкот за брзи резултати.

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...

Најчитани неделава