Непишани Фејсбук правила кои треба да ги знаете (видео)

Постојат некои непишани правила на Фејсбук кои би требало сите да ги знаеме и почитуваме. Сигурно откога ќе ги прочитате ќе се пронајдете, или пак некој од вашите Фејсбук пријатели.

nepishani-pravila-na-facebook-koi-mora-da-gi-znaete-video.jpg

Овие правила ги сочинуваат оние најиритирачките работи кои што луѓето ги прават по социјалните мрежи.

Проверете колку од нив навистина знаете и дали прекршувате некое правило:

Споделувањето на линкови и статии кои ви се допаднале и ви побудиле некое чувство е сосема во ред, но сѐ додека не навлегувате во религиски или политички теми. Шансите да бидете блокирани или избришани од нечија листа се поголеми доколку постирате или пишувате статуси од овие теми.

„Лајкување” на сопствениот статус - Она што многумина ги иритира е кога ќе видат дека некој си го „лајкнал” сопствениот статус. Тоа е непотребно, штом сте го напишале секако дека ви се допаѓа.

„Лајкување” на стари фотографии - Може да биде доста морничаво кога гледате дека некому му се допаднала вашата фотографија поставена пред неколку години. Зарем го пребарал и разгледал целиот профил?

Приватни разговори во коментари - За приватни разговори постои мобилниот, но и приватното сандаче. Зошто сите останати да ги читаат вашите приватни разговори во коментари?

Селфи - Најголемиот тренд во последно време се токму селфи фотографиите. Правите неколку фотки додека ја добиете онаа што ви се допаѓа, но сепак поставувате многу селфи фотографии со различни изрази на лицето. Една селфи фотографија е сосема доволна.

Имате ли и вие некое непишано правило кое би можело да се најде во оваа листа?

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...

Најчитани неделава