20 разлики помеѓу слатката девојка и зрелата жена

Се сеќавате ли кога за прв пат некој ви рекол дека конечно сега сте жена?

20-razliki-pomegu-slatkata-devojka-i-zrelata-zena-01

Сигурно тоа ви се случило за време на првиот менструален циклус или во мигот кога сте ги дувнале оние осумнаесет свеќи од вашата торта.

Постојат моменти кога однесувањето на возрасни жени ме тера да се запрашам која е всушност разликата помеѓу возрасна девојка и жена и кога навистина една девојка може да се пофали со титулата „жена за восхит”.

Разликите помеѓу возрасната девојка и жена немаат никаква врска со физичкиот изглед, туку би рекла дека се повеќе психички.

Па откога размислив се сетив на неколку важни разлики:

1. Девојките оговараат други девојки, а жените се подржуваат една со друга. Ако една жена има проблем со друга жена таа ќе и се спротивстави, но во ниеден случај нема да зборува зад нејзиниот грб.

2. Девојките смислуваат изговори, жените преферираат искреност. Доколку жената не сака да оди на некое место таа едноставно не го прави тоа и затоа нема потреба да смислува никакви изговори.

3. Девојката се дотерува за некому да биде убава, а жената се дотерува за да биде убава на својот одраз во огледалото. Жената го носи она во кое се чувствува убаво, среќно, удобно и задоволно.

4. Девојката сака да импресионира, жената е свесна за можностите. Жената никогаш не се труди да импресионира некого, освен себе. Таа е свесна за своите можности и своите способности.

5. Девојките ги кријат своите емоции, жените се секогаш отворени. Или со други зборови, жената поставува граница и не дозволува луѓето да се однесуваат кон неа како ќе посакаат.

6. Девојките не ја признаваат вината, а жените гласно и јасно ги кажуваат своите несовршености. Жената е свесна за своите недостатоци и таа не се труди да ја достигне совршеноста и секогаш ја признава својата вина.

7. Девојките бараат внимание од момците, жените бараат еднаков третман. Жената е свесна дека мажите имаат свој живот и таа никогаш нема да побара дополнително внимание или посебен третман.

8. Девојките одат на факултет поради нивните родители или пријатели, а жените поради потребата за образование. Жената е свесна колку и е потребно образованието во понатамошниот живот и туѓите размислувања не влијаат врз нејзините одлуки.

9. Девојките смислуваат заговор, жената продолжува понатаму. Кога некој ќе ги повреди чувствата на девојка, таа смислува одмазда, а жената расчистува со себе и става крај на тоа поглавје.

10. Девојката зборува, жената слуша. Девојките константно зборуваат за себе и своите постигнувања, додека пак кога жена ќе ве праша „Како сте?” таа навистина се грижи и сака да дознае како сте, без скриени намери.

11. Девојката верува, жената проверува. Девојките веруваат во сѐ што ќе им се каже и често ја забораваат другата страна на приказната. Но жената проверува сѐ откога ќе чуе одредена работа.

12. Девојките ја користат убавината, жените мудроста. Девојките сакаат да ги постигнат целите преку својата физичка убавина, додека пак жените се сигурни во себе и знаат дека поседуваат нешто повеќе од само убавина.

13. Девојките сакаат да ги контролираат момците и нивниот живот, додека жените знаат дека нема потреба од контрола.

14. Девојката го живее моментот, а жената се подготвува за иднината. Да бидеме искрени, не можеме до века да живееме само за моментот, туку мора да се подготвиме за сето она што не чека во иднината.

15. Девојките се забавуваат со алкохол, жените со бегство во далечен град. Жената викендот го замислува некаде далеку на мирно и тивко место, а девојките лудуваат до раните утрински часови.

16. Девојката се обидува да го промени мажот, жената го прифаќа. Од едноставна причина, бидејќи таа е задоволна со својот избор и учи како да се прилагоди на промени.

17. Девојките имаат потреба да бидете дел од нејзиниот живот. Жената посакува да сте дел од нејзиниот живот.

18. Кога една девојка е лута таа е агресивна. Но кога една жена е лута и вознемирена - таа зборува!

19. Жената ќе ви подари простор и време за себе кога и да ви е потребно. Но не очекувајте од девојката, бидејќи таа ќе ве притиска на различни начини да останете до неа.

20. Девојката бара љубов, додека пак жената бара начин да ја докаже својата љубов. 

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...

Најчитани неделава