СП: Тајните состојки на магичниот „фер-плеј“ спреј кој исчезнува

Многу вода, малку бутан, зрно сурфактант измешајте и ставете во аеросолниот распрскувач и ќе го добиете новиот „фер-плеј“ спреј што го користат судиите на Светското првенство во Бразил. Со него цртаат „привремени линии“ на теренот.

sp-tajnite-sostojki-za-magicniot-fer-plej-sprej-na-sudijata-1.jpg

Доколку уживате во фудбалските натпревари сигурно сте го забележале новиот спреј со кој судиите ја одбележуваат досудената казна за изведување слободен удар, фаул или местото на „живиот ѕид“.

Како што е познато, кога една од екипите ќе направи фаул, судијата поставува „жив ѕид“ од фудбалери на оддалеченост од 9,15 метри од изведувањето на слободниот удар. За да нема поместување од одреденото, сега  тоа се одбележува со белиот спреј кој потоа исчезнува. Според оддалеченоста го добил и своето име „9,15“.

Го измислил аргентинскиот новинар Пабло Силва, кој долго време известувал за фудбалските случувања во таа земја.

Бидејќи не му се допаднало тоа што играчите секојпат се приближуваат малку повеќе и правилото за 9,15 метри не се почитува, Силва одлучил дека треба да направи спреј во кој ќе има мешавина од вода, бутан и сурфактант кој може да биде невидлив, односно да исчезне по некоја минута.

Функционира така што по прскањето бутанот се шири на земјата, формира капки и на местото останува само малку вода.

sp-tajnite-sostojki-za-magicniot-fer-plej-sprej-na-sudijata-2.jpg

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува... Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Љубовницата му носела други жени, живее раскошно во Русија по падот на неговиот режим: Кој е поранеш... Поранешниот сириски претседател кој го споредуваа со диктатор по падот на негови...

Најчитани неделава